text size
Глобалната распродажба на акциите на производителите на полупроводници се продлабочи во вторникот, бидејќи новите знаци за напредокот на Кина во производството на напредни чипови и сѐ поголемата загриженост поради бумот на инвестициите во вештачката интелигенција предизвикаа нов бран продажби низ целиот сектор.
Индексот на Блумберг што ги следи азиските акции на производителите на полупроводници потона за дури 7,5 отсто, што е најголем пад од почетокот на март, откако извештајот дека кинеска компанија поддржана од државата почнала масовно производство на машини за имерзиона длабока ултравиолетова литографија ги засили стравувањата од растечката конкуренција. Загубите дополнително се продлабочија откако најновата рунда договори на „Енвидија“ (Nvidia Corp.) за инфраструктура за вештачка интелигенција, вредни повеќе од 750 милијарди долари, ја зголеми загриженоста околу капиталните инвестиции поврзани со ВИ.
Јужна Кореја беше најтешко погодена од распродажбата. Индексот Kospi потона за дури 10,7 отсто, што предизвика 20-минутен прекин на тргувањето, додека производителите на мемориски чипови „Самсунг електроникс“ (Samsung Electronics Co.) и „СК Хајникс“ (SK Hynix Inc.) загубија повеќе од 12 отсто. Јапонскиот Nikkei 225, во кој доминираат компаниите од секторот за чипови, и тајванскиот Taiex паднаа за повеќе од 4 отсто, бидејќи инвеститорите масовно ги продаваа акциите на многу од најголемите добитници од бумот на ВИ оваа година.
Прочитај повеќе
Кинескиот производител на чипови „Чангшјин МТ“ скокна 466 отсто на дебито по рекордната ИПО
Рекордниот интерес за ИПО-то на „Чангшјин“ покажува дека инвеститорите сè повеќе се обложуваат на кинеските компании што треба да ја намалат зависноста од странските производители на чипови.
27.07.2026
Волстрит почна да тргува со пакетот од 35 милијарди долари за ВИ-чипови
Институционалните инвеститори добија пристап до дел од пакетот за финансирање од 35 милијарди долари за ВИ-чипови, кој банките од Волстрит почнаа да го пласираат на пазарот.
23.07.2026
Американските акции завршија во минус поради од нов „момент на Дипсик“
Производителите на чипови навлегоа во мечкин пазар, бидејќи инвеститорите стравуваат дека новите модели за ВИ ќе ја засилат конкуренцијата и ќе го намалат повратот од инвестициите.
18.07.2026
Пад на акциите на „СК Хајникс“ во Сеул по рекордното деби во САД
Акциите на јужнокорејскиот производител на мемориски чипови „СК Хајникс“ (SK Hynix) забележаа остар пад на берзата во Сеул, само неколку дена по долгоочекуваното деби на компанијата на американскиот пазар.
13.07.2026
„Морган Стенли“ повика на претпазливост кон акциите на производителите на чипови
Акциите можеби премногу се зголемиле поради оптимизмот околу трошењето за вештачка интелигенција.
10.07.2026
Овие загуби покажуваат колку брзо се промени расположението околу една од најпопуларните инвестициски стратегии на пазарот. Инвеститорите сѐ повеќе се прашуваат дали високите вреднувања и досега невидениот бран инвестиции во ВИ можат да се одржат, особено затоа што кинеските конкуренти, според сѐ, остваруваат технолошки напредок побрзо од очекувањата.
„Алчноста се претвори во страв кога станува збор за акциите на производителите на полупроводници поврзани со ВИ“, изјави Веј-Серн Линг, извршен директор во „УБП“ (Union Bancaire Privee). „Инвеститорите сега секоја вест ја толкуваат негативно и ја користат како изговор за продажба, наместо критички да го анализираат нејзиното вистинско фундаментално влијание.“
Bloomberg
Сѐ поголемите стравувања од конкуренцијата од Кина дополнително вршат притисок врз производителите на чипови оваа недела. „Чангшјин МТ“ (CXMT Corp.) во понеделникот дебитираше на берзата во Шангај по иницијалната јавна понуда на акции, со која ќе ги финансира плановите за проширување на производствените капацитети.
Фактот дека Кина го забрзува зголемувањето на производствените капацитети за напредни чипови претставува дополнителен товар за јапонските производители, изјави Хироши Намиока, главен стратег во „Ти енд Ди“ (T&D Asset Management).
Акциите на производителите на опрема за чипови, меѓу кои „Никон“ (Nikon Corp.) и „Токио електрон“ (Tokyo Electron Ltd.), во вторникот паднаа за повеќе од 9 отсто, додека акциите на производителите котирани на берзите во континентална Кина, како „АМФЕ“ (Advanced Micro-Fabrication Equipment Inc.) и „Кингсеми“ (Kingsemi Co.), пораснаа.
Широкиот пад на акциите покажува недостиг на доверба на почетокот на клучната недела во која големите глобални технолошки компании ги објавуваат финансиските резултати. Плановите за капитални расходи на компании како „Мета“ (Meta Platforms Inc.) и „Амазон“ (Amazon.com Inc.) ќе имаат големо влијание врз тоа во која насока ќе се движат акциите.
„Најновата распродажба на акциите на производителите на чипови покажува дека сомнежите околу инвестициите, приносите и вреднувањата не се намалуваат, туку дополнително се продлабочуваат“, изјави Хеби Чен, виш пазарен аналитичар во „ВГП“ (Vantage Global Prime). „Со оглед на тоа што се приближуваат неколку големи катализатори, неподготвеноста да се купуваат акциите по падот на цените укажува дека инвеститорите чекаат посилни докази пред повторно да ја зголемат изложеноста.“
Акциите на производителите на мемориски чипови и уреди за складирање податоци годинава имаа големо влијание врз динамиката на тргувањето поврзано со ВИ, бидејќи растот на цените на чиповите донесе рекордни профити. Но, со зголемувањето на сомнежите околу долгорочните изгледи, голем дел од тие добивки брзо исчезнуваат.
„Киоксија“ (Kioxia Holdings Corp.) во вторникот потона за дури 18 отсто, дополнително намалувајќи го растот што минатиот месец накратко ја направи највредната компанија во Јапонија. „СК Хајникс“ досега изгуби околу 570 милијарди долари од пазарната вредност, откако акцијата достигна рекордно високо ниво во јуни.
Резултатите што оваа недела ќе ги објават „Самсунг електроникс“ и „СК Хајникс“ би можеле да им понудат дополнителни насоки на инвеститорите по големите осцилации на нивните акции. Сепак, во последно време ниту рекордните нивоа на добивка не се доволни за да го импресионираат пазарот.
„Летвичката во моментов е едноставно поставена исклучително високо“, изјави Дилин Ву, стратег за истражувања во „Пеперстон“ (Pepperstone Group Ltd.). „Надминувањето на проценките повеќе не гарантира раст на акциите - тоа го видовме повеќепати во изминатите неколку недели. Затоа, дел од она што го гледаме денес веројатно е резултат на тоа што трговците ги намалуваат своите позиции пред објавувањето на резултатите, наместо да чекаат да видат што ќе се случи.“
- Со придонес од Момока Јокојама