text size
Закрепнувањето забележано на американските берзи во средата беше краткотрајно и беше прекинато веќе во четвртокот. Откако берзанските индекси пораснаа за два отсто во средата, по нив следеше сличен пад во четвртокот, бидејќи инвеститорите ги обновија стравувањата дека рестриктивната монетарна политика може сериозно да ѝ наштети на американската економија.