text size
„Оракл“ (Oracle) во моментов е една од најинтересните, но и најконтроверзни приказни на американската берза. Акцијата на софтверската компанија, која во септември 2025 година достигна рекордно високо ниво од 308,7 долари, во текот на 2026 година доживеа драматичен пад. Сепак, голем дел од аналитичарите и инвестициските банки на Волстрит ја препорачуваат за купување и поставуваат ценовни таргети значително над моменталната пазарна цена од околу 130 долари.