text size
Регионалните пазари на капитал не отскокнуваат од светските текови каде има помешани движења на индексите поради неизвесноста од економски раст во услови на енергетска криза, инфлација и заострени монетарни политики од страна на централните банки. А акциите се под влијание на овие политики и општата несигурност па инвеститорите не се опуштаат. Може ли регионот и во вакви околности да ги искористи потенцијалите и со заеднички напори да ја зголеми видливоста и да обезбеди напредок? Аналитичарите се согласуваат дека соработката има неискористен потенцијал, а таков е ставот и на клучните луѓе од берзите во регионот. Една таква иницијатива е проектот SEE Link (СЕЕ Линк) кој пред осум години го почнаа берзите во Бугарија, Македонија и Хрватска, а кој сега влегува во друга фаза од развојот. Платформата која беше формирана е впрочем регионална инфраструктура за тргување со хартии од вредност кои котираат на пазарите кои се вклучени и познавачите се согласни дека сега е вистинското време да се додаде нова вредност во проектот. Подоцна освен основачите, во платформата се вклучија и Белградската, Љубљанската берза, берзата во Бања Лука и Сараевската берза. Во пресрет на една предизвикувачка година разговарам со првите луѓе на Загрепската, Македонската и Бугарската берза со кои ги анализираме клучните приоритети на регионалната соработка, ефектите кои досега беа постигнати и очекувањата.