Суровата нафта Брент затвори над 100 долари за барел за првпат од август 2022 година, бидејќи милиони барели остануваат заробени во Персискиот Залив, што доведе до најголемото нарушување на пазарот на нафта во историјата.
Глобалниот репер порасна за 9,2 отсто во четвртокот откако повеќе напади врз бродови низ Арапскиот Залив сигнализираа проширување на кампањата на Иран за нарушување на поморскиот сообраќај и надвор од клучниот Ормуски теснец. Американската сурова нафта ВТИ (West Texas Intermediate) порасна за 9,7% и затвори на 95,73 долари, највисоко ниво во речиси четири години.
Прочитај повеќе
Саудиска Арабија ги купува сите достапни танкери за да го заобиколи Ормускиот теснец
Најголемиот саудиски превозник на нафта започна да резервира танкери по исклучително високи цени, додека огромна флота бродови се упатува кон Црвеното Море за да ја натовари суровата нафта на кралството, како алтернатива на застојот во Ормускиот теснец.
12.03.2026
САД ќе укинат старо правило за морепловство за да ја намалат цената на горивото
САД привремено ги олеснуваат правилата за бродски транспорт за да ги намалат рекордните цени на нафтата и бензинот.
12.03.2026
Ормускиот Теснец мора да остане затворен, порача новиот ајатолах во првото обраќање
Иран е решен да го држи теснецот затворен и да започне битка и на други фронтови, додека пак Трамп вели дека САД имаат воени цели што во моментот се поважни од цените на нафтата.
12.03.2026
Колку гориво можете да купите со просечна плата во регионот: Во Македонија најмалку
Ормускиот Теснец останува блокиран, а ракетните напади меѓу САД и Иран не покажуваат знаци на смирување. Од почетокот на воената интервенција на Блискиот Исток, според процените на „Сити груп“, пазарот на сурова нафта губи меѓу 7 и 11 милиони барели дневно.
12.03.2026
Цената на Брент претставува психолошки праг за кој учесниците на пазарот на нафта велат дека може да го засили политичкиот притисок врз американскиот претседател Доналд Трамп да ја заврши војната и да ги стави под контрола растечките трошоци за енергија. Сепак, Трамп на својата социјална мрежа претходно објави дека Иран без нуклеарно оружје е „од многу поголем интерес и значење“ за него отколку цените на нафтата.
Во меѓувреме, сигналите за тоа кога транзитот низ Ормускиот теснец би можел да продолжи остануваат мешани. Цените се намалија во текот на редовното тргување откако агенцијата „Франс прес“ објави дека Иран соопштил дека им дозволил на некои бродови да го преминат критичниот поморски пат и дека не поставува мини. Од друга страна, новиот врховен лидер на Иран изјави дека теснецот треба да остане затворен.
Меѓународната агенција за енергија предупреди дека сегашното нарушување на снабдувањето е најголемо во историјата на глобалниот пазар на нафта. Големите ценовни осцилации дополнително се засилуваат и од финансиските текови од пазарите на опции кон фондовите со кои се тргува на берза.