Биткоин или злато: Волстрит нуди нови можности за „обложување“
Млада инвестициска фирма на Волстрит сака да лансира ЕТФ продукт за „возење“ на битката биткоин Vs. злато
пред 22 часа
17 март 2023, 13:01
„Според мене, политиката на ФЕД беше главниот виновник“, рече шефицата на „АРК инвестментс“
Компанијата собра повеќе од 16 милиони долари за средства фокусирани на крипто
Bloomberg
Политиката на Федералните резерви (ФЕД), a не криптосекторот, е главниот виновник за банкротот на банките „Силикон валеј“ (СВБ) и „Сигначур“ (Signature), вели шефицата на „АРК инвестментс“ (ARK Investments), Кети Вуд.
„Според моето мислење, политиката на ФЕД беше главниот виновник. Поради сушата на инвестиции во ризични средства и повисоките приноси на фондовите на пазарот на пари, депозитите го напуштија американскиот банкарски систем“, посочи Вуд во серија твитови.
За потсетување, „Блумберг“ неодамна објави дека АРК собра повеќе од 16 милиони долари од инвеститорите за средства фокусирани на криптовалути. „АРК крипто револушнс Кајман“ (ARK Crypto Revolutions Cayman Fund LLC) собра близу девет милиони долари од еден инвеститор, додека „АРК крипто револушнс УС“ (ARK Crypto Revolutions US Fund LLC), регистриран во Делавер, собра повеќе од седум милиони долари и наведе девет инвеститори, според поднесоците до Комисијата за хартии од вредност на САД.