text size
Софтверската компанија „Мајкростратеџи“ (MicroStrategy) го привлекува вниманието на главните играчи во финансискиот свет поради инвестициите во водечката светска криптовалута - биткоинот. Пред речиси три години, компанијата стана една од првите јавни корпорации во САД што го интегрираа биткоинот во своето работење. Оттогаш, „Мајкростратеџи“ продолжи да додава дигитално злато во својата ризница. За ова во голема мера е одговорен директорот Мајкл Сејлор, кој минатата година се повлече од таа позиција.