text size
Биткоинот е на пат кон својата најдобра неделна добивка од октомври минатата година, помогната од враќањето на апетитот за ризик на глобалните пазари. Најголемата криптовалута по пазарна капитализација беше зголемена за повеќе од 13 проценти неделава, заклучно со 11:50 часот денеска во Сингапур и доколку се одржи оваа вредност тоа ќе биде најголема добивка со таков распон од 2021 година наваму.