text size
Изгледите за помалку остри мерки од Федералните резерви на САД (ФЕД) ги охрабрија облозите дека крипто зимата попушта. Биткоинот денеска порасна за 2,9 отсто во Азија, откако скокна за речиси 9 отсто еден ден претходно, кога ФЕД ги зголеми стапките за 75 базични поени втор месец, сигнализирајќи дека темпото на затегнување ќе се забави со текот на времето.