Со извршна наредба од 6 март, претседателот Доналд Трамп создаде стратегиска резерва од биткоини, ефективно зацврстувајќи ја легитимноста на биткоинот како главен финансиски инструмент. Сега најголемата криптовалута во светот ќе се рангира меѓу средствата што владата на САД ги држи во резерва, заедно со злато, нафта и сирење.
Со истата извршна наредба, Трамп исто така создаде владина резерви од сите други дигитални монети што ги држи владата.
Сепак, долгоочекуваните потези не резултираа со еуфорија кај инвеститорите: цената на биткоинот и на повеќето други токени нагло падна по извршната наредба. Падот на вредноста ја одразуваше несигурноста на инвеститорите за тоа како купувањето и држењето биткоини од страна на владата ќе влијае на пазарот на долг рок, покрај нивните грижи за царините и за инфлацијата.
Прочитај повеќе

Крипто: Стратегиските резерви на САД потврдени, но цените паѓаат. Зошто?
Што се случува на криптопазарот?
11.03.2025

Пад на криптовалутите поради скептицизам за државните резерви на Трамп
Сите криптовалути што Трамп рече дека ќе бидат вклучени во резервите забележаа остар пад.
04.03.2025

Крипто лудило меѓу политичарите
Сѐ повеќе луѓе кои се славни или пак имаат политичка поддршка се вртат кон криптото
22.02.2025
Како ќе функционира резервата од биткоини?
Извршната наредба го насочува Министерството за финансии да воспостави канцеларија за управување со резервите од биткоини. Канцеларијата ќе ги контролира сите биткоини што моментално ги држат различни агенции во рамките на владата - токени предадени како дел од кривични или граѓански постапки за конфискација на имот или наплатени како дел од граѓански казни.
Биткоинот нема да се продава, а секретарот за финансии и секретарот за трговија се овластени да развијат стратегии за набавка на дополнителни биткоини што се „буџетски неутрални и не наметнуваат дополнителни трошоци за даночните обврзници на САД“. Има многу шпекулации за тоа како би изгледале тие „буџетски неутрални“ стратегии за набавка: можеби даночните обврзници ќе можат да плаќаат даноци во биткоини без да мораат да пријавуваат капитални добивки или можеби владата ќе продава злато за да купи повеќе биткоини. Точниот план сè уште не е познат.
Bloomberg
Како ќе функционираат резервите од дигитални средства?
Покрај резервата од биткоини, наредбата на Трамп воспоставува посебна резерва за сите други дигитални токени што ги држи владата. За разлика од биткоинот, дигиталните токени од резервата можат да се продаваат ако се смета дека е потребно. Додека владата ќе се стреми да набави повеќе биткоини за да ги додаде во својата резерва, дигиталните средства во резервите ќе се собираат само преку кривични или граѓански постапки за конфискација на имот или за плаќање граѓански казни.
Зошто Трамп создаде крипторезерви?
Прво и основно, со создавањето крипторезерва, Трамп ја покажува својата поддршка за криптозаедницата, која беше голем извор на донаторски средства во последниот циклус на избори и значително придонесе за неговата претседателска кампања во 2024 година. Создавањето резерва е исполнување на неговото изборно ветување да ги направи САД „биткоин-суперсила во светот и криптопрестолнина на планетата“.
Второ, бидејќи биткоинот не е издаден од влада, поддржувачите велат дека стратегиска резерва може да дејствува како заштита од нестабилност во традиционалниот финансиски систем, како драматични падови на вредноста на американскиот долар. Криптоцарот на Трамп, Дејвид Сакс, исто така го истакна огромното зголемување на вредноста на биткоинот низ годините, имплицирајќи дека резервата ќе создаде вредност за земјата.
Колку криптосредства веќе поседува владата на САД?
Точниот износ на владините средства е нејасен, но, според компанијата за блокчејн-аналитика „Аркам“, владата поседува околу 198.000 биткоини, како и многу други токени, вклучувајќи етер и USDT. Компанијата проценува дека вкупната вредност на сите криптосредства на владата на САД е повеќе од 16 милијарди долари. Биткоинот сочинува најголем дел од таа сума, околу 15,8 милијарди долари.
Точниот износ на средствата треба да биде јавно достапен наскоро: секоја владина агенција доби налог да поднесе извештај за своите криптосредства до Министерството за финансии до почетокот на април.
Кои се безбедносните грижи за резервите на САД?
Биткоинот, како повеќето криптовалути, е средство на носител, што значи дека ако го поседувате, вие сте сопственик. Тоа значи дека ако хакер го украде, може да биде тешко да се врати. Тоа го прави биткоинот атрактивна цел за хакерите.
Дали нешто слично постои на друго место во светот?
Владата на Ел Салвадор го направи биткоинот законско средство за плаќање во 2021 година и купи големи количества од криптовалутата. Кина, Обединетото Кралство и многу други земји имаат значителни биткоин-средства, според БТ.нет (BitcoinTreasuries.net), но тие не создадоа резерви. Сепак, неколку земји размислуваат да создадат. Законодавците во неколку американски држави се обидуваат да донесат закони за создавање сопствени резерви од биткоини, но досега не успеале.
Bloomberg
Како реагираат пазарите и криптоподдржувачите на извршната наредба на Трамп?
Биткоинот падна за околу 3.500 долари дента по објавувањето на резервите, според податоците собрани од „Блумберг“. Делумно падот на цената беше резултат на општите грижи на инвеститорите за економијата, царините и геополитиката. (Други нестабилни средства, како технолошките акции, исто така забележаа пад на почетокот на март.) Но криптоподдржувачите се загрижени дека следната администрација може потенцијално да ја укине резервата, што може да предизвика масовна продажба на нејзините средства. Многумина се надеваат дека Конгресот ќе донесе закон за да ја стави резервата во закон. Инвеститорите се исто така разочарани што владата нема да користи даночни средства за финансирање понатамошни набавки на резерви од биткоини.
Што велат економистите за идејата за крипторезерви?
Многу економисти се против идејата. Во декемвриски текст, поранешниот претседател на Фед во Њујорк и колумнист на „Блумберг“, Бил Дадли, напиша дека „е тешко да се разбере како ова би било корисно за повеќето Американци“. На крајот, напиша тој, „биткоинот тешко се квалификува како пари“, многу е нестабилен и не е поврзан со никаков паричен тек, како камати или дивиденди. Владата ќе биде заглавена со нестабилни токени што не произведуваат никаков приход, аргументираше тој.
Какви конфликти на интерес може да создадат крипторезервите за Трамп?
Вредноста на мемекоините на Трамп, како и на различните незаменливи токени (НФТ) што го прикажуваат неговиот лик и му плаќаат лиценца, зависи од здравјето на целокупниот пазар. Многу такви токени имаат тенденција да се движат во тандем со биткоинот, па ако владината резерва ја зголеми вредноста на биткоинот, веројатно тоа ќе има позитивен ефект врз вредноста на криптопроектите промовирани од Трамп.
Трамп исто така ја промовира ВЛФ (World Liberty Financial), платформа за децентрализирани финансиски трансакции, која држи околу 78,4 милиони долари во различни криптомонети (иако не биткоин, според „Аркам“). Зголемувањето на биткоинот може да биде корисно за проектот.