Биткоинот се искачи блиску до своето историски највисоко ниво, поттикнат од зголемената побарувачка од институционални инвеститори и корпоративни трезори, што ја зајакна и пошироката динамика на криптопазарот.
Оригиналната криптовалута во еден момент порасна за 3,3 отсто, надминувајќи го нивото од 122.000 долари, што е само малку под рекордот поставен кон средината на јули. Паралелно, етерот викендов скокна над 4.300 долари, достигнувајќи го највисокото ниво од декември 2021 година.
Податоците од „Коин геко“ (CoinGecko) покажуваат дека компаниите за дигитални средства – таканаречени трезори – досега акумулирале биткони во вредност од 113 милијарди долари. Слични ентитети за инвестирање во етер собрале токени вредни 13 милијарди долари, според стратегиската платформа СЕР (strategicethreserve.xyz).
„Подемот на биткоинот се потпира на стабилните институционални приливи во корпоративни трезори, американските спот берзански фондови и промената на инвеститорската перцепција поради новите американски царини на увезените златни прачки“, изјави Рeјчел Лукас, аналитичар за криптовалути во БТЦ (BTC Markets). „Соочено со ограничувања во снабдувањето и политички ризици, златото губи дел од предноста, а биткоинот ја зацврстува својата улога како безгранично и средство за чување вредност што не е погодено од царините“.
Во моментот на последната проверка, биткоинот се тргуваше за околу 121.000 долари, а етерот за 4.200 долари. Следната клучна цел за биткоинот се рекордните 123.205 долари, додека поддршка за цената се очекува на околу 116.000 долари доколку замавот ослабне.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...