text size
Тргување со виртуелни средства и симулирање реални пазарни услови, вклучувајќи и движење на цените во живо и податоци за активни налози за купување и продавање, се меѓу можностите што се нудат на демо-трговскиот сервис што „Бајненс“, најголемата криптоберза во светот по обемот на тргување и бројот на корисници, неодамна го лансираше за корисниците на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија. Откако ја објавија можноста, сакавме да истражиме што всушност значи тоа за македонските криптоинвеститори и дали има некои „замки“. Познавачите со кои се консултиравме објаснуваат дека на овој демо-сервис корисниците можат да тргуваат на спот пазарите (Spot markets) и фјучерсите (Futures), и тоа преку интерфејс што целосно ја рефлектира платформата Бајненс за реално тргување.