text size
Американскиот долар избриша повеќе од половина од добивките кои ги оствари годинава поради зголемените очекувања дека Федералните резерви ќе го забават зголемувањето на каматните стапки, но и заради растечкиот оптимизам за повторно отворање на Кина.
Блумберг индексот на доларот ја намали добивката од 2022 година на околу седум отсто, по претходните добивки од дури 16 отсто, бидејќи побавниот раст на инфлацијата и коментарите на претседателот на ФЕД, Џером Пауел, ги поттикнаа шпекулациите дека централната банка на САД ќе го забави темпото на зголемувања на каматата следната недела.
Bloomberg
Реперот падна за дури 0,4 отсто на азиското тргување денеска, достигнувајќи го најниското ниво од 28 јуни. Се очекува пад петти ден по ред, што би била најдолгата низа од загуби од април 2021 година. Ова следи откако кинеските градови Шангај и Хангжу ги олеснија некои ограничувања за Ковид.