text size
Еврото досега тесно го избегнуваше паритетот со доларот, но стратезите сметаат дека е прашање на време, можеби и часови кога оа ќе се случи. Заедничката европска валута падна на најниското ниво од 1,00003 долари во вторникот, што е најниска вредност од 2002 година и денеска се одржува на 1,004 долари. Според претпоставките клучниот притисок денеска го прави очекуваниот податок за инфлацијата во САД.