text size
Еврото падна на најниско ниво за еден месец откако францускиот претседател Емануел Макрон распиша предвремени избори во земјата поради изборите за Европскиот парламент. Вредноста на евро валутата се намали за 0,5 отсто, а паднаа и цените на фјучерс договорите за европските акции и француските обврзници, објави „Блумберг“. Како што објавивме, успехот на десницата на европските избори во Франција го поттикна Макрон да распише предвремени избори во неговата земја за да го запре подемот на неговата ривалка Марин Ле Пен.