text size
Откако се врати во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп не ги крие своите желби за слаб долар. „Со послаб долар заработуваш многу повеќе пари. Кога имаш силен долар, не можеш ништо да продадеш. Тоа е добро само за инфлацијата и за психологијата. Поради тоа се чувствуваш добро“, изјави тој минатото лето.