text size
Гаспром Експорт (Gazprom Export) испрати нова цена за испорака на природен гас до Енергоинвест, која што е повисока за 9,7 проценти. Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина (ФБиХ) во текот на денов ќе се состане со директорката на Енергоинвест за да се договорат за моделите за субвенционирање. Во четврток е и седницата на Владата на Кантонот Сараево (КС), која што исто така ќе ги разгледа моделите за субвенционирање на гасот за граѓаните.