text size
Златото падна во Азија откако претходно скокна на осуммесечен максимум во вчерашната сесија на тргување во услови на затемнети економски изгледи во САД и Европа. Заменик-претседателката на Федералните резерви (ФЕД), Лаел Брејнард, рече дека стапките во САД ќе треба да останат високи одреден период за да се залади инфлацијата, додека претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, вети дека нема да попушти во напорите растот на цените да се врати во посакуваните рамки до два процента.