text size
Инфлацијата не го одминува ниту производството на земјоделски производи. Државниот завод за статистика пресмета дека индексите на цените на инпутот во земјоделството во месец јули, споредено со истиот месец лани, бележат раст од 21,9 проценти, додека во истиот период индексите на цените на аутпутот се повисоки за 10,7 отсто.