Иран емитуваше порака до бродовите во Ормускиот Теснец дека виталниот канал за нафта и гас повторно е затворен за поморски сообраќај, а сопственици на бродови пријавија пукање во водите помалку од 24 часа откако министерот за надворешни работи на земјата го прогласи за отворен.
Радио-пораката, што ја слушнале двајца сопственици со бродови во областа, пристигнала во време кога државната новинска агенција „Нур“ објави дека теснецот повторно е под „строга управа и контрола на вооружените сили“ поради посебната блокада што САД ја наметнуваат врз иранските бродови.
Во сабота владееше хаос во теснецот, при што еден супертанкер емитуваше радио-порака дека е под оган, рекоа сопствениците, барајќи да не бидат идентификувани поради безбедносната ситуација. Еден од нив рече дека супертанкерот го прекинал планираниот транзит.
Прочитај повеќе
Трамп смета дека договорот со Иран е блиску, но нуклеарното прашање останува отворено
Техеран ги отфрла американските тврдења дека се согласил да се откаже од збогатениот ураниум.
18.04.2026
Грчки и индиски танкери нагло свртија пред Ормуз, има сомнежи за отворањето на теснецот
Сопствениците на бродови и трговците со нафта остануваат збунети, обидувајќи се да утврдат дали Иран ќе се придржува до своето ветување да го држи теснецот отворен за сите.
18.04.2026
Европските лидери нудат воена помош за обезбедување на Ормускиот Теснец
Макрон повика на „неутрална мисија, јасно одвоена од завојуваните страни, за придружба и заштита на трговските бродови што транзитираат низ Заливот“
17.04.2026
Пад на цените на нафтата и гасот откако Иран објави дека е отворен Ормускиот Теснец
Фјучерсите за Брент се повлекоа близу 88 долари за барел во Лондон.
17.04.2026
Неколку товарни бродови се обидуваа да минат рано во денот, додека други се вратија назад или запреа. Во петокот, иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи рече дека Ормуз е „целосно отворен“ за комерцијално бродарство за време на десетдневното примирје меѓу Израел и Хезболах во Либан.