Русија укажа дека Украина можеби првпат искористила балистичка ракета во борбени услови.
Министерството за одбрана во Москва соопшти дека системите за противвоздушна одбрана во последните 24 часа собориле проектил што го опишаа како „оперативно-тактичка ракета со долг дострел“, заедно со седум наведувани бомби и 602 беспилотни летала.
Не беше наведено за кое оружје станува збор, ниту беа дадени дополнителни детали. Украина јавно не потврди дека користела балистички ракети.
Прочитај повеќе
Украинските ракети сега ја имаат на дострел половина Русија
Новите далекудосежни ракети стигнуваат сè подлабоко во Русија, а ракетни тревоги веќе се огласуваат во речиси половина од руските региони.
пред 16 часа
Во украински Херсон војната го претвора излегувањето на вечера во акт на пркос, но и утеха
Во опколениот Херсон, каде што руските дронови ловат возила, а гранатирањето е секојдневна појава, рестораните и кафулињата остануваат отворени, претворајќи ја храната во форма на отпор.
11.06.2026
Путин ја отфрли понудата на Зеленски за директни мировни преговори
Путин одби лична средба со Зеленски за прекин на војната, додека европските лидери бараат нов пат за вклучување на Москва во мировните разговори.
05.06.2026
Во отворено писмо до Путин, Зеленски бара преговори за крај на војната
Дали ова е почеток на крајот на повеќегодишниот конфликт или само нов дипломатски маневар?
05.06.2026
Ова тврдење доаѓа откако украинската одбранбена компанија „Фајр поинт“ (Fire Point) соопшти дека нејзината балистичка ракета „фп-9“ (FP-9) во развојот се приближува до тестови во лет. Главниот дизајнер Денис Штилерман во јуни изјави дека оружјето би можело да започне со тестирање летово или до почетокот на есента, по завршувањето на работата на моторот на ракетата, која според „Фајр поинт“ е наменета за удари длабоко во Русија, со дострел од околу 850 километри (528 милји).
Доколку се потврди, лансирањето балистичка ракета би претставувало нов чекор во напорите на Киев да ги прошири своите производствени капацитети за долгорочни напади, надвор од сферата на дронови и крстосувачки системи. Големата брзина на балистичките ракети го намалува времето за предупредување и ја отежнува нивната пресретливост од страна на системите за противвоздушна одбрана.
Во меѓувреме Русија изврши еден од најинтензивните ракетни и дронски напади врз Киев досега годинава, при што загинаа најмалку 17 лица, а десетици беа повредени, според украинските власти.
Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека во ноќниот напад врз Киев биле користени балистички и крстосувачки ракети, како и дронови на млазен погон, додека напади биле пријавени и во регионите Харков, Суми, Днепар, Запорожје и Черкаси. Според воени податоци, Украина соборила 48 од 74 ракети и 476 од 496 дрона.
Најмалку 86 лица се повредени, а 70 хоспитализирани во нападите што оштетиле станбени области во седум градски реони, соопшти на Телеграм градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Меѓу повредените имало и медицински персонал од амбулантна станица, додаде тој.