text size
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека рускиот воздушен простор би можел фактички да стане небезбеден за цивилниот воздушен сообраќај, најавувајќи интензивирање на украинските напади со беспилотни летала врз цели на руска територија.
„Рускиот воздушен простор фактички ќе се затвора. Едноставно ќе има дронови на небото над Русија во размери со кои ќе мора да се сooчат“, напиша Зеленски доцна во вторникот на платформата Х.
Најавата следуваше по шестата последователна ноќ на смртоносни руски ракетни напади врз Киев и околниот регион, додека Украина се соочува со недостиг од американски ракети „патриот“ за противвоздушна одбрана. Речиси непрекинатите воздушни тревоги дополнително го нарушуваат секојдневниот живот во земјата.
Прочитај повеќе
Пченицата достигна тригодишен максимум додека Русија се подготвува за ескалација на војната
Конфликтот ги оштети пристаништата и терминалите за жито, значително ограничувајќи ги пратките од водечкиот извозен регион.
27.08.2026
Путин ќе ги засили нападите врз Украина, преговорите во ќорсокак
Русија размислува за интензивирање на моќните напади со конвенционални балистички ракети врз Киев, вклучувајќи го и центарот на главниот град, како и напади врз инфраструктурни цели во други украински градови.
26.08.2026
Бернам оди кај Трамп по ракети „патриот“ за Украина пред зимата
Трамп во јули им изјави на новинарите дека сè уште не го одобрил барањето на Украина да произведува ракети „патриот“. „Разговараме за тоа, но тешко е да се отстапи таков вид технологија“, рече тој тогаш.
25.08.2026
Десетици загинати во жесток руски напад врз Киев, Зеленски бара проектили од Западот
Русија тврди дека гаѓала воено-индустриски и логистички цели.
20.08.2026
Разрешениот украински министер за одбрана бара избори во воени услови
Што се случува кога војната трае со години - дали Украина треба да одржи избори и покрај воената состојба?
19.08.2026
Зеленски нагласи дека Украина нема намера да ги загрозува цивилните авиони, но истовремено ги предупреди авиокомпаниите, осигурителните компании и сите други субјекти што го користат рускиот воздушен простор дека летовите над Русија стануваат сè понебезбедни. Како особено ризични ги посочи и големите аеродроми во Москва и Санкт Петербург.
Украина нема цивилен воздушен сообраќај откако Кремљ ја започна целосната инвазија врз земјата пред повеќе од четири и пол години. Русија, од друга страна, и натаму одржува домашни и одредени меѓународни воздушни линии, што е од особено значење за земја што се протега низ 11 временски зони.
Володомир Зеленски
Bloomberg
Најавената кампања со дронови би претставувала продолжување на напорите на Киев да ја пренесе војната подлабоко на руска територија. Украинските сили во последниот период изведуваат напади врз рафинерии, пристаништа и логистички објекти, а меѓу последните цели беа и магацини на големи руски компании за онлајн трговија.
Сепак, Зеленски посочи дека Украина е подготвена да покаже одредена воздржаност доколку тоа е потребно за дипломатските напори. Тој изјави дека Киев е подготвен, по барање од сојузниците, привремено да ги прекине нападите со дронови во одредени делови од рускиот воздушен простор за да се овозможи одржување мировни преговори.
Според Зеленски, Украина кон крајот на август го почитувала барањето на САД да ги прекине нападите врз Москва и Санкт Петербург, во периодот кога директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, престојувал во Москва. Тој исто така рече дека Киев, по барање од друга, неименувана држава, ги прекинал нападите во близината на Владивосток, на рускиот Далечен Исток.
Во меѓувреме американските напори за посредување меѓу Русија и Украина засега не донесоа конкретен напредок. Преговорите не дадоа значајни резултати откако американскиот претседател Доналд Трамп се врати во Белата куќа со ветување дека брзо ќе стави крај на војната.
Наместо деескалација, Киев и Москва ги засилија воздушните напади, при што двете страни целат на енергетска инфраструктура и логистички капацитети на противникот. Развојот на ситуацијата дополнително ги зголемува ризиците за цивилното население, но и за транспортот и економските активности поврзани со воздушниот сообраќај во регионот.
Зеленски во понеделникот соопшти дека имал „детален и конструктивен разговор“ со специјалните пратеници на Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, по што, како што рече, се разговара за утврдување датуми за нивна посета на Киев. Посетата досега неколкупати беше најавувана од украинскиот претседател, но сè уште не е реализирана.
Виткоф во изминатиот период осум пати патувал во Москва и во повеќе наврати разговарал со рускиот претседател Владимир Путин. Зеленски порача дека Киев е свесен за новите планирани средби во Москва и дека тоа ќе го земе предвид при понатамошното одлучување за своите воени активности.