text size
Британскиот премиер Енди Бернам изјави дека тој и други европски лидери планираат следниот месец да отпатуваат во САД за да извршат притисок врз претседателот Доналд Трамп да ѝ овозможи на Украина пристап до дел од американските резерви на ракети за системите за противвоздушна одбрана „патриот“ во пресрет на зимата.
„Со нетрпение очекувам да одам во Њујорк во септември“, изјави Бернам во интервју за „Блумберг“ во Киев во понеделникот вечер, алудирајќи на претстојното заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Тоа би било негово прво патување во САД откако стана премиер.
Прочитај повеќе
Десетици загинати во жесток руски напад врз Киев, Зеленски бара проектили од Западот
Русија тврди дека гаѓала воено-индустриски и логистички цели.
20.08.2026
Разрешениот украински министер за одбрана бара избори во воени услови
Што се случува кога војната трае со години - дали Украина треба да одржи избори и покрај воената состојба?
19.08.2026
ЕУ ќе санкционира над 1.600 компании кои ја поддржуваат воената индустрија на Русија
Брисел подготвува пакет со санкции против повеќе од 1.600 компании кои се поврзуваат со руската воена индустрија - најмасовен потег од почетокот на војната во Украина.
28.07.2026
Прв странски гостин кај Бернам е Зеленски, Лондон ја потврдува поддршката за Украина
Првата средба на новиот британски премиер со странски лидер ќе биде со Володимир Зеленски, со што Лондон испраќа порака дека поддршката за Украина останува непроменета.
27.07.2026
„Сè уште не сум ги потврдил целосно деталите, но веројатно ќе одам, особено по денешниот разговор“, рече тој. „Заминувајќи денес, доста јасно знам што треба да направам во следните неколку недели.“
Барнам го изјави тоа за време на неговата прва меѓународна посета откако стана премиер, откако за првпат претседаваше со состанокот на сојузниците на Украина и одржа билатерална средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски повеќепати апелираше до европските земји и САД да ѝ помогнат на Украина да набави ракети-пресретнувачи за системите „патриот“ и да ги обнови резервите навреме за зимата, кога се очекува Русија повторно да ги засили нападите врз енергетската инфраструктура. Пресретнувачите за системот „патриот“ претставуваат најмоќно оружје за соборување на руските крстосувачки и балистички ракети.
Бернам рече дека од Украина заминал „многу оптимистичен“ дека проблемот со кој таа земја моментално се соочува во одбраната од руските балистички ракетни напади, поради недоволните резерви од пресретнувачи, може да се реши.
Тој рече дека европските лидери ја разгледуваат можноста за одржување уште еден состанок на Коалицијата на согласни за време на заседанието на Генералното собрание на ОН, со цел да обезбедат американски пресретнувачи, како и резерви од други земји.
„Тоа, се чини, би било најверојатниот правец на понатамошно дејствување“, рече Бернам. „Сè уште не е потврдено, но изгледа дека повеќето луѓе размислуваат во таа насока.“
Тој нагласи дека Велика Британија не користи ракети „патриот“ што ѝ се потребни на Украина, но дека другите европски земји мора да направат повеќе.
„Постојат и други актери што би можеле да помогнат, а врз кои имаме влијание“, рече Барнам. „Решението веројатно ќе вклучува многу различни нивоа и многу преговори.“
„Тешка работа“
Трамп се откажа од претходното ветување дека на Украина ќе ѝ обезбеди пресретнувачи или ќе му овозможи на Киев да произведува ракети за американските системи за противвоздушна одбрана „патриот“. Војната во Иран исто така сериозно ги намали глобалните резерви на ракети „патриот“, што доведе до доцнења во испораките и ги направи сојузниците помалку подготвени да му ги отстапат на Киев.
Трамп во јули им изјави на новинарите дека сè уште не го одобрил барањето на Украина да произведува ракети „патриот“.
„Разговараме за тоа, но тешко е да се отстапи таков вид технологија“, рече тој тогаш.
Бернам, напротив, презеде конкретни чекори за да ѝ овозможи на Украина пристап до строго чуваната британска воена технологија.
Енди Бернам, лево, и Володимир Зеленски за време на состанокот во Киев на 24 август
Bloomberg
Британскиот премиер ќе ѝ овозможи на Украина пристап до доверливи информации за британските компоненти за ракетата со долг дострел SCALP, со што на Киев ќе му биде овозможено крстосувачката ракета да ја составува во Украина.
Зеленски во понеделникот вечер, по разговорот со Бернам, објави дека Украина го цени тоа што Велика Британија не го менува својот курс - „целосна поддршка за Украина и нашата одбрана“.
„Му благодарам на премиерот Енди Бернам што одлучи својата прва посета во странство да ѝ ја посвети токму на Украина, на годишнината од обновувањето на нашата независност.
Зеленски во саботата им рече на новинарите дека за зимата се обидува да обезбеди 300 ракети „патриот“. Претходно рече дека Украина би ја преживеала зимата доколку успее да купи пет проценти од американските резерви на „патриот“, додека купувањето десет проценти од тие резерви би му овозможило на Киев да ги уништи сите руски балистички ракети.
Украина веќе се соочува со бран руски балистички напади, кои доведоа до сè поголем број загинати меѓу цивилното население.
Според податоците на Мисијата на Обединетите нации за следење на човековите права во Украина, најмалку 437 украински цивили загинале во јули 2026 година, што е 30 отсто повеќе отколку една година претходно. Во август имаше неколку руски напади со голем број цивилни жртви - 15 луѓе загинаа во напад со балистички ракети врз Киев во четвртокот, додека 16 лица загинаа во напад со дрон врз трговски центар во Криви Рог во петокот.