text size
Овој месец Лисабон ќе стане новиот европски град што ќе го забрани сообраќајот во центарот на градот. Планот, кој на 26 април ќе биде претставен прво за тримесечен пробен период, ќе предвидува на автомобилите да им биде забрането да возат низ срцето во центарот на Лисабон. Во поширока зона во периодот од 8 до 20 часот ќе биде оневозможен и пристап за поголемиот дел возила од над 3,5 метрички тони, вклучувајќи ги и туристичките автобуси, но со исклучок на сите форми на јавен превоз.