Општо

Пет вести за почеток на денот: Граѓаните ќе купуваат народни обврзници од државата

Автор: Игор Смилевски

9 мај 2023, 10:53

Пет вести за почеток на денот: Граѓаните ќе купуваат народни обврзници од државата

МИА

Игор Смилевски

Егзотично распределен долг - каде се кријат заканите

Словенија би се задолжила и во самураи-обврзници. Причина? Дистрибуција на ризикот. Таа одлука ги крена веѓите на многу економисти, па се запрашавме во кои валути позајмуваат државите од регионот. Најголем дел од долгот е во евра и американски долари, но наидовме и на некои егзотични валути, иако во помал број случаи.

Државното задолжување веќе некое време се интензивира, па државите бараат и поповолни извори на финансирање.

Храната во април поевтина за 0,3 отсто во однос на март

Инфлацијата во април падна на 13 отсто во однос на истиот месец лани. Во однос на март, пак, забави за скромни 0,7 отсто.

Храната во однос на лани е поскапа за 16,7 отсто. Од тоа, лебот и житото имаат повисоки цени за 25,3 отсто, месото за 26, млекото, сирењето и јајцата за 22,2 отсто. Шеќерот е поскап за 12,8 отсто, зеленчукот за 3,2 отсто. Поевтинување има кај овошјето од 1,7 отсто и кај маслото од 13,1 отсто.

Во однос на претходниот месец, откога се во сила мерките на Владата за замрзнување на цените на дел од прехранбените производи, минимално поевтинување има кај лебот, месото, млекото, шеќерот. И на месечно ниво најголем пад на цената има кај маслото за јадење.

Народни обврзници: Државата ќе се задолжува поевтино

Со најмалку 10.000 денари од летово и македонските граѓани ќе можат да ја финансираат државата. Имено, минатата недела Министерството за финансии најави дека ќе издава таканаречени граѓански или народни обврзници.

Македонија со овој чекор планира да го преслика хрватското искуство. Според најавата, рокот на достасување на обврзниците би изнесувал две години.

„Голдман Сакс“ очекува разочарувачки профити во 2023-та

Изгледите за раст на глобалната заработка годинава се слаби и покрај резултатите во првиот квартал, кои во САД и Европа беа подобри од очекувањата, сметаат стратезите на „Голдман Сакс“ (Goldman Sachs Group Inc.).

Силната инфлација и неодамнешните превирања во банкарскиот сектор веројатно ќе доведат до забавен економски раст во втората половина од годината, посочија стратезите на „Голдман Сакс“ (Goldman Sachs), вклучувајќи ги Питер Опенхајмер и Шерон Бел.

Тие предвидуваат „приближно рамен“ раст на заработката во повеќето региони оваа година и „многу мал раст на заработка по акција во Европа и САД до крајот на 2024 година“.

Банката очекува раст на заработката од пет проценти за САД и Европа во 2024 година, шест за Јапонија и 17 проценти за Азија, која имаше ниска основа во 2021 година. Опенхајмер беше песимист во поголемиот дел од минатата година и точно предвиде пад на акциите во втората половина од годината.

Животот на Грците по шокот од должничката криза

Повторно многу се зборува за државни долгови, што го враќа сеќавањето на 2013 година, кога државите од т.н. група ПИИГС (Португалија, Италија, Ирска, Грција и Шпанија) беа на работ на банкрот, а најпогодена беше Грција. Тогаш таа држава богата со историја ја напуштија половина милион луѓе. Заминаа по парче леб. Каков е животот денес?

Сите новости од рубриката Политика

Политика

сите новости од рубриката Политика

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите