Општо

Германија бара апсење на Володимир З. поради саботажа на Северен тек

Автор: Игор Смилевски

14 август 2024, 14:33

Германските медиуми јавуваат дека е распишана потерница

Лицето е идентификувано како Володимир З., државјанин на Украина

Има вкупно тројца осомничени

Германија бара апсење на Володимир З. поради саботажа на Северен тек

Извор: Вооружени сили на Данска

Игор Смилевски

Германија издаде европска потерница за Украинец поради неговата наводна вмешаност во саботажа на гасоводите Северен тек во Балтичко Море, јавуваат германските медиуми.

Германските инспектори веруваат дека извесен Володимир З. бил член на тимот што во септември 2022 година поставил експлозивни направи на трасата на гасоводот што пренесувал природен гас од Русија до Германија, објавија денеска германските медиуми. Германскиот закон не дозволува објавување на презимето на осомничениот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неколку наврати негираше дека неговата земја стои зад саботажата што го наруши транспортот на руски гас во Европската Унија, што силно ги погоди приходите на Москва.

Она што е последно познато е тоа дека Володимир З. бил инструктор за нуркање и живеел во Полска, според извештаите на неколку германски медиуми, кои цитираа неименувани извори.

Полското обвинителство потврди дека добило германски налог за апсење на Украинец што е осомничен за нападот на Северен тек со име „Володимир З“.

Оттаму појаснија дека налогот го добиле во јуни, но осомничениот заминал за Украина минатиот месец. Исто така, се наведува дека властите не успеале да го спречат да замине бидејќи до граничната служба на земјата не дошле релевантни информации.

Германската истрага идентификува уште еден маж и жена, кои исто како Володимир З. биле украински инструктори за нуркање. Но по нив засега не е распишана потерница.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Засега не е пронајдена врска меѓу осомничените и украинската влада.

Неколку експлозии на 26 септември 2022 година ги оштетија двата гасовода Северен тек 1 и 2. Експлозиите беа регистрирани во близината на данскиот остров Борнхолм во Балтичко Море. Набрзо потоа беа откриени четири истекувања.

Сите новости од рубриката Политика

Уште не се знае датумот за средбата меѓу Трамп и Путин - накратко од светот
Општо

Уште не се знае датумот за средбата меѓу Трамп и Путин - накратко од светот

По состанокот во Саудиска Арабија, каде што високи американски и руски претставници остварија прв круг преговори за крај на војната во Украина, Русија и САД најавија можност за поширока соработка.

19.02.2025

Политика

Додик осуден на една година затвор
Политика

Додик осуден на една година затвор

Милорад Додик, претседателот на Република Српска, денеска е прогласен за виновен за неприменување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина.

26.02.2025

Автор: Svjetlana Šurlan

сите новости од рубриката Политика