text size
Германски судија му одреди истражен притвор на мажот осомничен дека пред два дена влетал со автомобил на германскиот божиќен пазар во источниот град Магдебург, при што уби пет лица, а десетици ранил. 50-годишниот доктор со потекло од Саудиска Арабија, кој работи во регионот, а полицијата го идентификуваше како Талеб А., беше приведен во петокот вечерта. Судијата доцна во саботата нареди тој да биде притворен поради сомнение за убиство, обид за убиство и напад.