Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево на прес-конференција соопшти дека за трагедијата во Кочани во која при пожар во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица се осомничени дваесетина лица, а во полициска станица се приведени 15 лица, а некои од осомничените се починати.
Четворица од осомничените се во болница, меѓу кои два члена на музичката група, син на сопственикот на дискотеката и управителот на фирмата.
Приведено е едно лице кое е организатор на настанот и еден од оние кои имаат директна вина. Приведени се и поранешен државен секретар во Министерството за економија, поранешен раководител на сектор во истото министерство, поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување и тројца вработени од дирекцијата.
Прочитај повеќе

Потврдена смртта на членови на бендот ДНК
Потврдена е и смртта на фудбалерот на скопскиот фудбалски клуб „Шкупи“, Андреј Лазаров.
16.03.2025

Можно е активирање на НАТО системот за справување со несреќи
Премиерот Христијан Мицкоски разговарал со генералниот секретар на НАТО
16.03.2025

Жртвите во пожарот биле на возраст меѓу 14 и 25 години
Загинатите во пожарот во дискотеката синоќа во Кочани се од Скопје, Штип, Пробиштип и од Кочани и блиските општини.
16.03.2025

Владата ќе прогласи седумдневна жалост поради трагедијата во Кочани
Ќе се донесе и заклучок за итна и вонредна инспекција на сите ноќни клубови.
16.03.2025

Тошковски: Распишани четири потерници
Починати се вкупно 59 лица, од кои 35 се идентификувани, соопшти министерот за внатрешни работи.
16.03.2025

Светските медиуми за трагедијата во Кочани
Повеќе светски медиуми и новински агенции ја пренесоа веста за трагедијата во Кочани во која при пожар во дискотека загинаа 59 млади лица, над 150 се повредени од кои десетина во критична состојба.
16.03.2025

МЗ: Од 152 повредени, 18 во критична состојба
Веднаш по несреќата, здравствениот систем бил целосно мобилизиран, а сите болнички капацитети биле ставени во функција за да се обезбеди најдобра можна грижа за повредените.
16.03.2025

Понуди за помош и пораки со сочувство по големата трагедија во Кочани
Откажани се сите настани закажани за денеска
16.03.2025
Трагедија во Кочани: Бројот на загинати се зголеми на 59 лица
Поради сериозност на повредите дел од повредените се пренесени во Клиничката болница во Штип, во Градската општа болница „8 Септември“ и на Скопските клиники.
16.03.2025
Тошковски соопшти дека фирмата немала валидна лиценца за работа, односно дека две лиценци биле фалсификувани.
Тој информира дека во пожарот настраделе тројца малолетници, а дваесетина се повредени. Во критична состојба се 22 лица. Се претпоставува дека во моментот на опожарувањето во дискотеката имало вкупно 500 лица.
Тошковски беше дециден дека за овој случај ќе има одговорност.