Јавниот обвинител на РСМ Љупчо Коцевски и обвинителите од тимот што постапуваат на случајот со пожарот во дискотеката во Кочани вечерва на прес-конференција соопштија дека во објектот немало функционален хидрант, а имало само два противпожарни апарати што е недоволно за објект со толкава квадратура.
Тој информира за уште низа пропусти во однос на работењето на објектот, меѓудругото и дека имало една импровизирана врата, наместо две како што налага регулативата. Исто така, соопшти дека противзаконски во објектот се користеле пиротехнички средства на недозволена висина.
Според Коцевски, има простор за повеќе видови кривична одговорност кај повеќе лица, меѓудруго за примање поткуп и доведување во животна опасност од големи размери. Тој информира дека ЈО засега бара притвор за десет лица.
Прочитај повеќе

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши повикан во полициска станица
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски претходно информираше дека МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со овој настан има осомничено повеќе од 20 лица.
16.03.2025

Мицкоски: Мора да има кривична одговорност, нема да има милост
Ова е кулминацијата на еден лош, забревтан систем кој ги јаде нашите надежи, а покрај надежите и нашите соништа, рече Мицкоски.
16.03.2025

Сиљановска-Давкова: Ниту еден одговорен не смее да ја избегне казната
Никогаш повеќе да не ги жртвуваме стандардите и сигурноста на луѓето за профитот и богатството на поединци. Ништо не е повредно од човечкиот, а особено од младешкиот живот, нагласи претседателката.
16.03.2025
Трагедија во Кочани: Бројот на загинати се зголеми на 59 лица
Поради сериозност на повредите дел од повредените се пренесени во Клиничката болница во Штип, во Градската општа болница „8 Септември“ и на Скопските клиники.
16.03.2025

МЗ: Од 152 повредени, 18 во критична состојба
Веднаш по несреќата, здравствениот систем бил целосно мобилизиран, а сите болнички капацитети биле ставени во функција за да се обезбеди најдобра можна грижа за повредените.
16.03.2025

Светските медиуми за трагедијата во Кочани
Повеќе светски медиуми и новински агенции ја пренесоа веста за трагедијата во Кочани во која при пожар во дискотека загинаа 59 млади лица, над 150 се повредени од кои десетина во критична состојба.
16.03.2025

Потврдена смртта на членови на бендот ДНК
Потврдена е и смртта на фудбалерот на скопскиот фудбалски клуб „Шкупи“, Андреј Лазаров.
16.03.2025