Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши вечерва е повикан на информативен разговор во полициска станица, во врска со синоќешниот пожар во ноќниот клуб во Кочани. Ова го потврдуваат од МВР за МИА.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски претходно информираше дека МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со овој настан има осомничено повеќе од 20 лица, од кои 15 се во полициска станица.
Дел од осомничените за предизвикување на овој кривично правен настан се починати, дел се во болница.
Прочитај повеќе

Мицкоски: Мора да има кривична одговорност, нема да има милост
Ова е кулминацијата на еден лош, забревтан систем кој ги јаде нашите надежи, а покрај надежите и нашите соништа, рече Мицкоски.
16.03.2025

Сиљановска-Давкова: Ниту еден одговорен не смее да ја избегне казната
Никогаш повеќе да не ги жртвуваме стандардите и сигурноста на луѓето за профитот и богатството на поединци. Ништо не е повредно од човечкиот, а особено од младешкиот живот, нагласи претседателката.
16.03.2025

Владата најавува вонреден инспекциски надзор во ноќните клубови
Се задолжува Државниот пазарен инспекторат во наредните три дена да изврши вонреден инспекциски надзор врз угостителски објекти (кабаре, ноќен клуб, дискотека и дискотека на отворен простор)
16.03.2025

Тошковски: Осомничени 20-тина лица за трагедијата во Кочани, дискотеката немала лиценца
Четворица од осомничените се во болница, меѓу кои два члена на музичката група, син на сопственикот на дискотеката и управителот на фирмата.
16.03.2025

Потврдена смртта на членови на бендот ДНК
Потврдена е и смртта на фудбалерот на скопскиот фудбалски клуб „Шкупи“, Андреј Лазаров.
16.03.2025

Можно е активирање на НАТО системот за справување со несреќи
Премиерот Христијан Мицкоски разговарал со генералниот секретар на НАТО
16.03.2025

Жртвите во пожарот биле на возраст меѓу 14 и 25 години
Загинатите во пожарот во дискотеката синоќа во Кочани се од Скопје, Штип, Пробиштип и од Кочани и блиските општини.
16.03.2025

Владата ќе прогласи седумдневна жалост поради трагедијата во Кочани
Ќе се донесе и заклучок за итна и вонредна инспекција на сите ноќни клубови.
16.03.2025

Тошковски: Распишани четири потерници
Починати се вкупно 59 лица, од кои 35 се идентификувани, соопшти министерот за внатрешни работи.
16.03.2025
Трагедија во Кочани: Бројот на загинати се зголеми на 59 лица
Поради сериозност на повредите дел од повредените се пренесени во Клиничката болница во Штип, во Градската општа болница „8 Септември“ и на Скопските клиники.
16.03.2025

Таравари: Хоспитализирани 118 лица по пожарот во Кочани
Сите пациенти добиваат неопходна медицинска грижа, здравствениот систем е целосно мобилизиран, вели Таравари.
16.03.2025

Понуди за помош и пораки со сочувство по големата трагедија во Кочани
Откажани се сите настани закажани за денеска
16.03.2025
„Дел од приведените лица кои што моментално се во полициска станица се луѓе кои имаат директна вина со овој настан, согласно досега собраните докази. Приведено е едно лице, кое што е организатор на настанот и за кое што имаме сомнение дека еден од оние кои што имаат директна вина. Исто така, приведени се поранешен државен секретар на Министерство за економија, поранешен раководител на еден сектор во Министерство за економија, поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и тројца вработени во рамки на дирекцијата“, изјави Тошковски.
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска на прес-конференција информира дека веднаш биле преземени првите чекори за справување со последиците, а во моментов има информациите дека објектот каде се случи несреќата има фалсификувана лиценца, која била издадена март, 2024 за мито. Тоа е документ, рече Мицкоски, за работа на кабаре, кој е издаден нелегално, со оригинален печат на Министерството за економија и потпис на тогашните официјални лица на истото тоа министерство. Според него, тука има многу прашања кои истрагата ќе ги одговори.
„Оттука, во сето ова што ни се случува и ни се случи, најпрво мора да има кривична одговорност за сите до еден инволвирани, без разлика кој од која институција е, на кое ниво, од која партија, од која професија итн., итн. до последниот. Очекувајте кога станува збор за одговорност, дека нема да има милост. Ќе мора да има одговорност со име и презиме. Во хируршки прецизна акција на институциите. Без милост“, најави тој.
Во синоќешниот пожар во дискотеката во Кочани според првичните информации на МВР имало околу 500 лица, бројот на починати е 59, а 155 се повредени. Роднини и блиски на починатите се противат на ваквата одлука и спонтано го блокираа влезот во болницата.