Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова попладнево во обраќање до јавноста по трагедијата во Кочани порача дека не е време на делби и конфронтации и дека никој што е одговорен нема да ги избегне правдата и казната.
„Не е време за делби и конфронтации, особено кога се во прашање млади луѓе, чиј живот за миг згасна заради самоволие, импровизација и манипулација. Без стандарди и правила не смее да функционира ниту една дејност и активност. Ниту еден одговорен овој пат не смее да ги избегне правото, правдата и казната“, рече Сиљановска Давкова.
Да не ја сквернавиме невината жртва на погинатите да ги здружиме силите околу преживеаните, рече Сиљановска-Давкова, потенцирајќи дека не треба веќе да дозволиме никој повеќе да ги загрозува животите на невините луѓе.
Прочитај повеќе

Владата најавува вонреден инспекциски надзор во ноќните клубови
Се задолжува Државниот пазарен инспекторат во наредните три дена да изврши вонреден инспекциски надзор врз угостителски објекти (кабаре, ноќен клуб, дискотека и дискотека на отворен простор)
16.03.2025

Тошковски: Осомничени 20-тина лица за трагедијата во Кочани, дискотеката немала лиценца
Четворица од осомничените се во болница, меѓу кои два члена на музичката група, син на сопственикот на дискотеката и управителот на фирмата.
16.03.2025

Потврдена смртта на членови на бендот ДНК
Потврдена е и смртта на фудбалерот на скопскиот фудбалски клуб „Шкупи“, Андреј Лазаров.
16.03.2025

Можно е активирање на НАТО системот за справување со несреќи
Премиерот Христијан Мицкоски разговарал со генералниот секретар на НАТО
16.03.2025

Жртвите во пожарот биле на возраст меѓу 14 и 25 години
Загинатите во пожарот во дискотеката синоќа во Кочани се од Скопје, Штип, Пробиштип и од Кочани и блиските општини.
16.03.2025

Тошковски: Распишани четири потерници
Починати се вкупно 59 лица, од кои 35 се идентификувани, соопшти министерот за внатрешни работи.
16.03.2025
Трагедија во Кочани: Бројот на загинати се зголеми на 59 лица
Поради сериозност на повредите дел од повредените се пренесени во Клиничката болница во Штип, во Градската општа болница „8 Септември“ и на Скопските клиники.
16.03.2025

Таравари: Хоспитализирани 118 лица по пожарот во Кочани
Сите пациенти добиваат неопходна медицинска грижа, здравствениот систем е целосно мобилизиран, вели Таравари.
16.03.2025

Понуди за помош и пораки со сочувство по големата трагедија во Кочани
Откажани се сите настани закажани за денеска
16.03.2025
„Никогаш повеќе да не ги жртвуваме стандардите и сигурноста на луѓето за профитот и богатството на поединци. Ништо не е повредно од човечкиот, а особено од младешкиот живот“, нагласи претседателката.
Таа посочи дека утринава ги посетила хоспитализираните и оти таму ја дочекале роднините на повредените, со надеж и доверба во медицинскиот персонал. Сите сме во шок, кажа таа, посочувајќи дека и таа самата е шокирана.
„Како мајка, како човек, како претседателка. Сè уште не можам да поверувам дека ужасната трагедија во Кочани е реалност. Не знам со кои зборови да им изразам сочувство на родителите и најблиските на погинатите. Вашата неизмерна болка е и моја“, рече претседателката.
Сиљановска-Давкова посочи дека повеќе држави се огласиле за помош.
„Најтешко повредените се транспортираат на специјализираните клиники во Бугарија, Србија, Грција и Турција заради добивање врвна медицинска помош и интервенција. Добрите луѓе од целиот регион, Европа и Светот се со нас. Никогаш нема да го заборавиме овој добродетелски чин. Вечно ќе им бидеме благодарни“, рече Сиљановска Давкова во обраќањето до јавноста.
Во пожарот во дискотека во Кочани рано изутринава загинаа 59 лица, а 155 се повредени.