Над 140 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени во текот на вчерашниот ден, 90 се наоѓаат во болниците во земјава, а 44 се прифатени во болници во странство. Уште осум повредени треба да бидат пренесени во Хрватска и во Романија, информира директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Клековски синоќа информира дека во Клиничкиот центар се хоспитализирани 20 повредени, во ГОБ „8 Септември“ - 20, во „Свети Наум Охридски“ - 21, во Клиничката болница во Штип - 20, во Општата болница во Кочани седум и на Токсикологија - двајца. Има пациенти и во приватните болници „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев“.
Во странство се прифатени 44 повредени, и тоа во Србија - 17, Бугарија - 14, Турција - деветмина и во Грција - четворица. Бројките се менуваат поради пренесување на повредените во други болници, потенцира Клековски.
Прочитај повеќе
Македонија пулсира во тага, бол и бес по трагедијата во Кочани
Траорното утро во Кочани бара континуиран ремонт на системот и строги казни за секој што носи одговорност.
17.03.2025

Коцевски: Во дискотеката немало хидрант, а имало само два ПП апарати
ЈО засега бара притвор за десет лица.
16.03.2025

Тошковски: Осомничени 20-тина лица за трагедијата во Кочани, дискотеката немала лиценца
Четворица од осомничените се во болница, меѓу кои два члена на музичката група, син на сопственикот на дискотеката и управителот на фирмата.
16.03.2025

Потврдена смртта на членови на бендот ДНК
Потврдена е и смртта на фудбалерот на скопскиот фудбалски клуб „Шкупи“, Андреј Лазаров.
16.03.2025
Клековски најави дека доцна синоќа и рано утрово уште осум повредени лица ќе заминат во странство, по четворица во Хрватска и во Романија. Имало можности за префрлање повредени и во Словенија и Унгарија по четири лица и во Австрија шест лица.
Тој потсети дека во Клиничкиот центар функционира Кризниот штаб на Министерството за здравство, во координација со МВР и со МНР.
„Состојбата на сите пациенти се набљудува и конзилијарно се одлучува за понатамошните постапки“, додаде Клековски.
Синоќа пристигнал еден тим од ВМА од Белград. Се очекуваат медицински тимови и од Чешка, Израел и Белгија.
Во меѓувреме, Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“ во Софија одржа прес-конференција, на која директорот на болницата д-р Валентин Димитров изјави дека кај нив се хоспитализирани вкупно осум лица повредени во пожарот што избувна во дискотеката во Кочани, јави БТА.
Меѓу примените пациенти има тројца малолетници - две девојчиња и едно момче, додека другите се четворица мажи и една жена, на возраст од 22 до 25 години. Највозрасниот пациент има 31 година.
Состојбата на сите пациенти е тешка, со изгореници на телото, горните екстремитети и лицето, како и на горните и долните дишни патишта, што дополнително ја комплицира нивната здравствена состојба. Според д-р Димитров, тројца од пациентите се интубирани, додека за преостанатите ќе бидат направени дополнителна медицинска процена и терапевтски план.
„Ќе биде направено сè што е потребно, болницата располага со сите неопходни ресурси“, нагласи тој. Димитров додаде дека сите пациенти биле однесени во тешка состојба на термички шок, што е сериозна закана за организмот, независно од брзината на лекарската интервенција.
Во Солун, во болницата Папаниколау и во воената болница, хоспитализирани се вкупно пет лица повредени во пожарот, а од нив двајца се веќе оперирани, додека пак на други двајца им била извршена трахеотомија, според информациите на дописничката на МИА од Атина.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...