Министерот за здравство Арбен Таравари информира дека денеска од болниците во Скопје на домашно лекување ќе бидат пуштени 12 пациенти, од вкупно 39 пациенти што се лекуваат во земјава по трагичниот настан во Кочани. Од оние што се лекуваат во странство, денеска се очекува еден пациент да се врати од Белград и да продолжи неговото лекување во Скопје.
Од пациентите што се лекуваат надвор од државата, во критична состојба остануваат четири-пет пациенти.
„За жал, четири-пет пациенти се во посериозна состојба, некаде има и влошување, меѓутоа нашите колеги во болниците во кои се лекуваат тие пациенти се обидуваат да дадат максимум од себе за да го надминат овој тежок период“, рече Таравари на прес-конференција.
Прочитај повеќе

Четворица повредени во пожарот се во критична состојба
„Во фаза на инфекции сме, можни се компликации. Колегите даваат максимум. Се надевам дека барем половина од пациентите ќе се вратат за две недели“, изјави министерот за здравство.
24.03.2025

Задушување е причина за смртта на сите настрадани во Кочани
До крајот на месецот се очекува да бидат завршени сите извештаи за обдукциите
21.03.2025

Триесетдневен притвор за Бектеши, приведени тројца градоначалници на Кочани
Со истражните активности во моментов се опфатени над 30 лица.
21.03.2025
Од болниците во земјава, како што посочи тој, на Детската хирургија нема да има пациенти, а остануваат пациенти на Клиниката за пластична хирургија и на Клиниката за токсикологија. Во градската болница „Св. Наум Охридски“ ќе останат на лекување шест пациенти.