text size
Опрема вредна 13 милиони евра не се користи во јавните здравствени установи (ЈЗУ) поради необезбедени кадровски и просторни услови, констатирал Државниот завод за ревизија (ДЗР). Исто така, опрема со вредност од 5,5 милиони евра не се користи во полн капацитет, ниту пак се искористуваат дополнителните функционалности.