Голем прекин на електричната енергија во југоисточна Франција го погоди Кан на последниот ден од престижниот филмски фестивал во градот.
Операторот на електричната мрежа „Ризо де транспорт д'електрисите“ (Reseau de Transport d’Electricite) во објава на социјалните мрежи изјави дека се погодени 160.000 домови. Операторот вети дека ќе ја врати електричната енергија што е можно побрзо и се извини „за непријатностите“.
Причината за прекинот на електричната енергија, кој започна веднаш по 10 часот наутро по локално време, е непозната. Новинската агенција АФП цитираше неидентификувани полициски извори кои велат дека можеби колапсот е предизвикан од подметнат пожар.
Прочитај повеќе

Блекаут: Половина Македонија остана без струја
Поголем дел од државата ноќеска остана без напојување со електрична енергија
18.05.2025

Блекаутот збриша 400 милиони евра од шпанската економија
Потрошувачката на шпанските домаќинства падна за 34 отсто на 28 април
06.05.2025

Пет секунди беа доволни за блекаут во Шпанија - што може да се случи во Македонија?
Фотоволтаиците се добри за животната средина, но носат многу предизвици од технички аспект
29.04.2025
Во изјава за АФП, организаторите изјавија дека церемонијата на затворање на фестивалот ќе се одржи нормално по префрлање на напојувњето на електричната енергија на алтернативна мрежа.