Членот на Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ), Петер Казимир, е прогласен за виновен за поткуп и е казнет со 200.000 евра, со што стана првиот осуден словачки гувернер.
Судот во близината на Братислава, каде што Казимир е и раководител на централната банка, денеска изјави дека ако не ја плати казната, ќе треба да отслужи една година затворска казна. Неговите адвокати изјавија дека ќе го советуваат Казимир да се жали на пресудата.
Педесет и шестгодишникот негираше дека му дал поткуп на висок даночен службеник од 48.000 евра во замена за побрз поврат на ДДВ за некои компании за време на неговиот мандат како министер за финансии.
Прочитај повеќе

Фон дер Лајен го изгуби судскиот спор за набавката на вакцините од „Фајзер“
Тужбата на поднесе „Њујорк тајмс“
14.05.2025

Поранешниот бразилски претседател Колор уапсен по пресуда за корупција
Поранешниот претседател на Бразил, Фернандо Колор де Мелјо, треба да започне со издржување затворска казна поради пресуда за корупција и перење пари.
25.04.2025

Ле Пен прогласена за виновна за проневера на европски јавни пари
Судот процени дека вкупната штета изнесува 2,9 милиони евра бидејќи пратениците на партијата на Ле Пен вработувале луѓе во Европскиот парламент.
31.03.2025

Додик осуден на една година затвор
Милорад Додик, претседателот на Република Српска, денеска е прогласен за виновен за неприменување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина.
26.02.2025
И покрај пресудата и фактот дека неговиот мандат завршува на 1 јуни, Казимир засега изгледа ќе остане на својата функција - што значи дека ќе продолжи да игра улога во донесувањето одлуки на ЕЦБ. Следниот состанок за каматните стапки ќе се одржи на 4-5 јуни во Франкфурт, при што пазарите очекуваат осмо намалување на депозитната стапка, на два отсто.
Портпаролот на ЕЦБ одби да коментира. Централната банка на Словачка изјави дека ја зема предвид пресудата. „Банката продолжува да работи без ограничувања и ги исполнува своите функции во целост“, се наведува во соопштението.
Казимир потенцијално би можел да биде отстранет ако повисок суд ја потврди неговата вина или ако владата на премиерот Роберт Фицо се согласи на замена - нешто што досега не можеше да направи. Дотогаш, тој ќе остане привремено задолжен.
Гувернерот беше на службено патување во Хонгконг, рече неговиот адвокат, и затоа не се појави на суд.
„Не се согласуваме со одлуката на судот“, изјави Ондреј Муларчик, адвокатот на Казимир, за новинарите во Братислава. „Сметаме дека е незаконска и целосно спротивна на она што беше презентирано за време на главното судење“.
Пред да ја преземе својата функција во централната банка во 2019 година, Казимир служеше под водство на Фицо како министер и е највисоко рангираниот функционер од таа ера што е осуден. Повеќе од 40 високи функционери, судии, полицајци и бизнисмени исто така беа осудени или се изјаснија за виновни по обвиненија за корупција.
Други креатори на политиките на ЕЦБ исто така го прекршија законот. Поранешниот гувернер на латвиската централна банка Илмарс Римшевич беше осуден за поткуп и во 2023 година доби шестгодишна затворска казна - пресуда на која тој сè уште се жали. Малтешкиот адвокат Едвард Шиклуна во меѓувреме се повлече поради кривична постапка против него.
Адвокатот на Казимир побара од судот во Словачка да ја прекине истрагата против него откако владата минатата година одобри амандман на Кривичниот законик со кој се скратува рокот на застарување.
Реформата е дизајнирана да ја ограничи наводната „злоупотреба на органите за спроведување на законот за политички цели“, рече Фицо во тоа време. Опозицијата ја критикуваше промената, велејќи дека е дизајнирана да ги заштити сојузниците на премиерот.
Додека ја изрекуваше пресудата, судијата Милан Цисарик рече дека постапката „не може да се запре“ бидејќи „на средствата што се дел од приходите на ЕУ им се дава привилегирана заштита и судот мора да го признае тоа“.