Земјите членки на НАТО на самитот во Хаг се обврзаа до 2035 година да инвестираат по пет отсто од националниот БДП годишно за основните потреби за одбраната и безбедноста. Секако, ова се однесува и на Македонија, која исто така го поддржа ваквиот предлог.
Сојузниците ги поставија темелите за посилно, пофер и поопасно НАТО со тоа што се согласија за нов план за инвестиции во одбранбениот сектор што ќе поттикне квантен скок во нашата колективна одбрана, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, според кого ваквиот план не само што ќе ја зголеми безбедноста туку ќе создаде и работни места.
ББА-анализа: Македонија ја почна годината со највисок раст во регионот Адрија
Земјите од регионот Адрија продолжуваат да остваруваат економски раст водени од домашната побарувачка, инвестициите и силните пазари на труд што обезбедуваат стабилни темели. Главни предизвици и натаму остануваат извозот и глобалната неизвесност. Монетарните власти остануваат внимателни, со поблаги, но многу контролирани циклуси на намалување на каматните стапки, се наведува во најновата анализа на нашиот аналитички тим.
Кој ќе плати 16,8 милиони евра за 10,8 отсто од акциите на ТЕ-ТО?
Денеска на продажба одат 27 обични акции од ТЕ-ТО АД Скопје, компанија за когенеративно производство на електрична енергија и топлина. Акциите, кои претставуваат 10,80 отсто од основната главнина на друштвото, на продажба ги нуди „Топлификација“ АД Скопје – во стечај, по почетна цена од 38.273.474,00 денари (над 622.000 евра) по акција преку моделот „сè или ништо“, соопшти Македонската берза.
Гувернерот Славески побара од банкарите да ги намалат или укинат провизиите
Трајко Славески, новиот гувернер на НБРМ, побара од банкарите да ги намалат провизиите што ги плаќаат граѓаните и фирмите при користењето на платежните услуги.
„Целта на иницијативата е провизиите да се постават на ниво што ќе биде одржливо за банките, но истовремено да бидат фер и прифатливи за корисниците. Народната банка е подготвена да го направи првиот чекор во оваа насока“, се наведува во соопштението на НБРМ по средбата со претставниците на Македонската банкарска асоцијација. Банкарите, пак, посочија дека во иднина ќе продолжат да дискутираат за можните насоки на дејствување, но одлуките за цените остануваат во надлежност на секоја банка поединечно.
Од небо до врв: Македонија станува рај за алтернативен туризам
Ако сте едни од авантуристите и сакате да избегате од асфалтот барем на еден ден и да се вратите како нови, со полна душа и максимална енергија, тогаш продолжете со читање. Разгледавме неколку можности за незаборавно бегство од реалноста.
Тандем параглајдинг е една од опциите достапни за авантуристите што уживаат во алтернативен туризам, а токму тоа е еден од адутите на Македонија. Друга алтернатива за активен одмор е јавање коњи по планинските предели низ земјава. Можеби сакате да пробате нешто ново?
Зошто сè повеќе бизнисмени сакаат слободно нуркање?
Додека голфот и тенисот со децении се сметаат за спортови на бизнис-елитата, новата генерација на лидери бара олеснување од стресот не на зелените терени, туку во целосната тишина на морските длабочини. Слободното нуркање (англ. Freediving) излезе од сенката на екстремните спортови и стана моќна алатка за постигнување внатрешна рамнотежа и мир.
„Оваа дисциплина се потпира исклучиво на свесна контрола на дишењето и ментална подготовка. Токму тоа ја прави толку привлечна за луѓето под постојан притисок, бидејќи кога ќе научите да го контролирате дишењето и да го смирите вашето тело, ќе го смирите и вашиот ум“, вели Саша Јеремиќ, претседателка на Здружението за развој на апнеја - АИДА.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...