Министерството за трговија на Кина објави антидампинг истрага против одредени американски аналогни чипови, пишува во соопштението објавено денеска на официјалната интернет страница на институцијата. Поточно, Кина започна две истраги насочени кон американскиот сектор за полупроводници.
Имено, кинеското министерство за трговија соопшти дека започнало истрага за одредени аналогни „Ај-си“ (IC) чипови од 13 септември, а истовремено започнала и антидискриминациска истрага за американските потези против кинескиот сектор за чипови, пишува во одделно соопштение од министерството.
Објавата дојде на само еден ден откако САД додадоа повеќе кинески компании на својата листа на субјекти и во пресрет на состанокот меѓу американскиот министер за финансии Скот Бесент и кинескиот вицепремиер Хе Лифенг, кои треба да се сретнат во Мадрид за да разговараат за трговски, економски и прашања од националната безбедност. Дискусиите ќе го опфатат и статусот на Тикток на „Бајтденс“ (ByteDance Ltd.) - чиј рок да постигне договор за да се осигури дека ќе продолжи со работењето во САД истекува следната недела. Освен тоа, според американското министерство за финансии, ќе се разговара и за напорите за борба против перењето пари.
Прочитај повеќе

Кина ќе ја средува домашната „хаотична конкуренција“ во бумот со ВИ
Кина наведе дека ќе спречи прекумерна конкуренција во секторот на вештачка интелигенција (ВИ), кој е во полн ек.
29.08.2025

Додека се лади ентузијазмот за „Енвидија“, во Кина расте нов миленик на пазарот на ВИ
Вчера сите очи беа вперени во „Енвидија“, чии прогнози предизвикаа сомнежи во одржливоста на бумот на вештачката интелигенција, додека пошироката јавност речиси и не забележа вест за една кинеска компанија од истиот сектор што тивко бележи импресивен раст.
29.08.2025

Кина им препорачува на компаниите да не ги користат чиповите H20 на „Енвидија“
Кина ги советува фирмите да ги избегнуваат чиповите H20 на „Енвидија“ и MI308 на АМД, отворајќи нов фронт во технолошкиот спор со САД, додека Вашингтон бара дел од приходите од продажбите.
12.08.2025

„Енвидија“ и АМД ќе им плаќаат на САД 15 отсто од продажбата на ВИ-чипови во Кина
Договорот ја одразува доследната заложба на претседателот на САД, Доналд Трамп, да обезбеди финансиска корист за Америка во замена за отстапки во трговијата.
11.08.2025

Трамп најави 100 отсто царини на чипови, „Епл“ нема да биде опфатен
Целта е да се поттикне враќањето на технолошкото производство во земјата...
07.08.2025
Инаку, Кина во јануари изјави дека ќе ги истражи наводите дека САД ги отфрла чиповите од пониска класа и неправедно ги субвенционира сопствените производители на чипови, што претставува еден од најсилните одмазднички потези на Пекинг против американските технолошки санкции.
Антидампинг истрагата ќе трае околу една година, а доколку е потребно може да се продолжи за уште шест месеци, додека истрагата против пристрасност обично трае околу три месеци, според регулаторот за трговија.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...