ЕЦБ гледа „зголемени“ ризици за финансиската стабилност на регионот, со високи процени на средствата склони кон остро приспособување и фискални предизвици во некои земји што би можеле да ја тестираат довербата на инвеститорите.
„Расположението на пазарот би можело нагло да се промени поради влошување на перспективите за раст, на пример, или поради разочарувачки вести за усвојување на вештачката интелигенција“, пишува во полугодишниот Преглед на финансиската стабилност, кој ЕЦБ го објави денеска.
Неисполнети ветувања: Посиве зелената агенда во регионот
Неколку години наназад европските влади и компании зборуваа за зелената транзиција како за мисија без алтернатива. Целта беше јасна – климатска неутралност до 2050 година.
Но тонот се промени. По бранoт ентузијазам што го придружуваше подемот на ЕСГ, светот влезе во фаза на заситување. Во САД, враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа го означи крајот на климатскиот консензус. Поими како „разновидност“ и „одржливост“ станаа политички цели, а инвеститорите станаа повоздржани. Тој „анти-ЕСГ“ бран брзо се прелева и во Европа, каде сега, под притисок на индустријата и на поединечни членки, Европската комисија ја ублажува регулативата што до неодамна претставуваше срж на Зелениот договор.
Каде во светот најдобро се вртат парите на пензионерите - Македонија некаде на средината
Капитално финансираните пензиски системи, односно фондовите што управуваат со нивните средства достигнале рекордни нивоа на вредност во 2024 година, покажува најновиот извештај на ОЕЦД. По падот во 2022 година, средствата во овие фондови пораснале за 11,6 отсто во 2023 година и за 7,1 отсто во 2024 година, достигнувајќи речиси 70 билиони долари (70 илјади милијарди долари, н.з.) на крајот од 2024 година во земјите од ОЕЦД.
Според анализата со наслов „Пензиските пазари во фокус 2025“, овие средства најмногу пораснале во Турција, во балтичките републики и во Грција, надминувајќи стапка од 20 отсто годишно во номинален износ во локална валута. Каква е состојбата во Македонија?
Крај на „лесните пари“ од оружје? „Рајнметал“ паѓа, а инвеститорите бараат нов рудник за „злато“
Во последните 36 месеци инвестициската стратегија беше неверојатно едноставна: купете сè што прави тенкови, муниција или радар и гледајте како вашето портфолио расте. Воената економија создаде еден од најсилните пазарни трендови во деценијата. Но ноември 2025 година донесе студен туш.
Како што се ширеа гласини за потенцијални мировни преговори во Женева, во одбранбениот сектор на берзите почна да доминира црвената боја. Европските акции во одбраната, неоспорните кралици на пазарот, паднаа за девет проценти за само еден месец.
Заработката во здравствениот сектор е на врвот на индексот S&P 500
Најголемите американски компании за јавна здравствена заштита ги надминаа другите индустрии во третиот квартал бидејќи поголемата употреба на нови и специјализирани лекови, континуираната побарувачка за лекови за слабеење и силните трендови на посети на болници ги зголемија заработките.
Меѓу 11-те индустриски категории на индексот S&P 500, компаниите за здравствена заштита остварија највисок процент на пораст на заработката во анализираниот период. Тоа беше и кварталот со најдобри резултати за индустријата во повеќе од четири години.
Акциите на „Енвидија“ тонат, тоа што расте се сомнежите за нејзината доминација со ВИ
„Енвидија“ (Nvidia Corp.) се соочува со раст на загриженоста дека нејзиното влијание на пазарот за полупроводници што се користат во вештачката интелигенција (ВИ) се намалува. И тој скептицизам сега се ефектуира на берзата.
Акциите на производителот на чипови паднаа по објавениот извештај, што сугерира дека процесорите за вештачка интелигенција на „Алфабет“ (Alphabet Inc.) добиваат на тежина. Од почетокот на овој месец акциите паднаа за 14 отсто, со што избришаа повеќе од 700 милијарди долари пазарна вредност на компанијата бидејќи инвеститорите сè повеќе се плашат од балон кај ВИ, како и од циркуларните инвестиции на „Енвидија“ во стартапи како „Опен еј-ај“ (OpenAI), кои се едни од клиентите.