Американскиот претседател Доналд Трамп остро реагираше кон Иран и му порача дека „часовникот отчукува“, неколку часа откако дронови таргетираа нуклеарна централа во Обединетите Арапски Емирати.
Техеран „подобро е брзо да почне да дејствува, ИТНО, или ништо нема да остане од нив“, напиша Трамп на „Трут соушал“ (Truth Social) во неделата. Ова се неговите најостри изјави за војната со Иран, која и натаму е во кревок прекин на огнот, откако во петокот се врати во САД од Кина.
Новите закани дополнително ја поттикнаа цената на нафтата во понеделникот, при што Брент порасна за околу 1,5 отсто, на 110,70 долари за барел. Распродажбата на глобалните обврзници, која започна кон крајот на минатата недела, дополнително се интензивираше, бидејќи инвеститорите пресметуваат побрза инфлација и ги зголемуваат обложувањата дека централните банки ќе бидат принудени да ги зголемат каматните стапки. Приносите на американските 10-годишни државни обврзници сега се над 4,5 отсто и на највисоко ниво во околу 15 месеци, што врши дополнителен притисок врз Трамп да се обиде повторно да го отвори клучниот Ормуски теснец.
Прочитај повеќе
Како војната со Иран повторно ги врати во мода обврзниците поврзани со инфлацијата
Растот на инфлацијата и цените на енергентите повторно ги вратија во фокус обврзниците што ги следат потрошувачките цени.
пред 2 часа
САД и Иран далеку од договор за Ормуз, дрон удри во електрана во ОАЕ
САД и Иран и натаму изгледаат далеку од постигнување договор за завршување на војната и повторно отворање на клучниот Ормуски Теснец откако напад со дрон предизвика пожар во нуклеарна централа во ОАЕ
пред 20 часа
Војната во Иран повторно ја разгорува инфлацијата
Растот на цената на енергентите ги погодува потрошувачите, централните банки и пазарите низ светот, а инвеститорите стравуваат од нов бран инфлациски притисоци
16.05.2026
Дали Трамп штотуку призна дека ПР бил причината за нападот врз Иран?
Престојувајќи во Кина, Доналд Трамп изјави дека залихата од 440 килограми збогатен ураниум, која беше во сржта на неговото оправдување за војната со Иран, е безбедна под 24-часовен надзор на девет камери и никој не ѝ се приближува.
15.05.2026
Американските сили уништиле поголем дел од иранските морски мини
Шефот на американската Централна команда, адмирал Бред Купер, изјави дека повеќе од 700 воздушни напади го елиминирале „некогаш огромниот инвентар“ на поморски мини на Иран.
14.05.2026
Претходно во неделата, дрон предизвика пожар во електрана во нуклеарниот комплекс „Барака“ во Обединетите Арапски Емирати, што дополнително ја нагласи кревкоста на примирјето. Дронот бил лансиран од западниот дел на ОАЕ, соопшти министерството за одбрана на земјата, додавајќи дека уште два дрона биле пресретнати. Немало радиолошко влијание, соопшти медиумската канцеларија на Абу Даби.
Саудиска Арабија соопшти дека пресретнала и уништила три дрона што во неделата влегле во нејзиниот воздушен простор од Ирак, каде дејствуваат бројни милиции поддржани од Иран. Не е јасно дали тие биле дел од нападот врз ОАЕ.
„Терористичкиот напад врз нуклеарната централа „Барака“, без разлика дали е извршен директно или преку некој посредник, претставува опасна ескалација и мрачно поглавје што ги крши сите меѓународни закони и норми“, напиша на Икс Анвар Гаргаш, висок советник за надворешна политика на претседателот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Зајед. „Оваа неприфатлива ескалација повторно ја потврдува природата на предизвиците со кои се соочува регионот во борбата против силите на злото, хаосот и саботажите.“
Иран засега нема јавно коментирано за нападите.
ОАЕ беа најагресивната арапска држава кон Иран, и во реториката и преку ограничени напади врз Исламската Република пред почетокот на прекинот на огнот на 8 април, објави Блумберг.
Дронови таргетираа нуклеарна централа во ОАЕ
Нуклеарниот регулатор на ОАЕ соопшти дека нема радиоактивно истекување ниту ризик за населението
За време на викендот, полуофицијалната иранска агенција „Фарс“ објави дека САД поставиле пет главни услови за мировен договор. Меѓу условите е Иран да го предаде збогатениот ураниум на САД, а за возврат Вашингтон да не плаќа воена отштета и да одмрзне помалку од една четвртина од блокираните ирански средства. САД јавно не ги коментираа објавените услови.
Иран побара отштета и одмрзнување на средствата пред да прифати мировен договор. Техеран исто така бара САД да ја прекинат блокадата на иранските пристаништа и Вашингтон да прифати Иран да има одреден степен на контрола врз бродскиот сообраќај низ Ормускиот теснец.
„Сакаме да постигнеме договор“, изјави Трамп за „Аксиос“ (Axios) во неделата, додавајќи дека чека нов ирански предлог. „Тие не се таму каде што сакаме да бидат. Ќе мора да стигнат дотаму или ќе бидат силно погодени, а тие не го сакаат тоа.“
Американско-израелската војна против Иран започна кон крајот на февруари и однесе илјадници животи, главно во Исламската Република и Либан. Во одмаздничките напади, Техеран ги таргетираше американските сојузници низ Персискиот Залив, вклучително и ОАЕ, Катар и Саудиска Арабија, како и Израел.