Додека рускиот претседател Владимир Путин го насочува своето внимание кон војната во Украина, неговите стратешки сојузници низ светот се чувствуваат запоставено - или уште полошо.
Во Венецуела официјални лица сега сметаат дека нивниот долгогодишен безбедносен однос со Москва бил само привид. И тие не се единствени. Од Дамаск и Техеран до Хавана, во изминатите 13 месеци авторитарните режими што претходно имаа корист од блиските врски со Кремљ се соочија со недостиг од руска поддршка токму кога им беше најпотребна.
Сирискиот диктатор Башар ал-Асад побегна во Москва откако руската воена поддршка ослабна. Куба, без клучен покровител, се соочува со хуманитарна криза, за која некои сметаат дека би можела да ја направи следната домино-коцка што ќе падне. Иран минатата година беше бомбардиран од САД, а сега врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи се соочува со масовни домашни протести од егзистенцијални размери, како и со закана од нови американски воени акции.
Прочитај повеќе
Германскиот канцелар Мерц предвидува пад на Исламската Република Иран
Додека улиците во Иран се полнат со демонстранти, германскиот канцелар Мерц предупредува дека режимот во Техеран сега се одржува само со насилство, но дека деновите му се одбројани.
13.01.2026
Трамп најави царина од 25 отсто за стоки од „бизнис-партнерите“ на Иран
Американскиот претседател најави нови царини против земјите поврзани со Иран, потег што доаѓа во чувствителен момент за глобалната економија.
13.01.2026
Техеран со закана до САД и Израел: Држете се понастрана од протестите
Иранскиот режим вели дека протестите и насилството се поттикнати од странска интервенција и ја повтори готовноста да делува жестоко против потенцијални закани...
11.01.2026
Мир без временска рамка: Ќе донесе ли новата година крај на четиригодишната војна во Украина
Одговараме на клучните прашања: територијалниот интегритет на Украина и иднината на Донбас
30.12.2025
Каја Калас им посака „среќа“ на САД во обидот да го придобијат Путин на преговарачката маса
ЕУ предупредува дека Русија не покажува волја за вистински преговори, и покрај американските понуди за економски поттик и инвестиции.
18.12.2025
Неочекуван добитник од американската акција во Венецуела
На првата фотографија од уапсениот венецуелски претседател, се гледа Мадуро облечен во сива спортска тренирка на компанијата „Најк“.
06.01.2026
Најсилниот симбол на руската незаинтересираност можеби е случајот со венецуелскиот лидер Николас Мадуро, кој е во затвор во Њујорк. Додека остатоците од државниот безбедносен апарат прават анализа како нивниот лидер бил уапсен од САД, венецуелски функционери приватно изразиле разочараност од неуспехот на нивните кубански и руски партнери да помогнат во неговата заштита, велат добро упатени извори.
И покрај повторените јавни сигнали од американскиот претседател Доналд Трамп дека има намера да го отстрани Мадуро, официјални лица во Каракас се жалат дека кубанските и руските разузнавачки служби, на кои со години се потпирале за безбедноста, не успеале да ги идентификуваат слабостите или да обезбедат конкретни информации за заканата кон венецуелскиот лидер.
Bloomberg
Голем дел од личното обезбедување на Мадуро бил во рацете на кубански разузнавачки службеници, кои дејствувале како негова лична заштита, што се потврдува и со објавата на кубанската влада дека 32 нивни државјани загинале за време на американската операција. Меѓу Венецуела и нејзините кубански безбедносни партнери повеќе не постои доверба, велат официјалните лица.
Тие исто така укажуваат на неуспехот на руските противвоздушни системи С-300 и „Бук-М2“ во заштитата на венецуелскиот воздушен простор. Русија не обезбедила соодветна техничка поддршка за системите да бидат оперативно ефикасни, се жалат официјалните лица. Сајбер-одбраната на Венецуела, велат тие, била зависна од техничка поддршка од Русија, која повторно се покажала како недоволна, откако американските сајбер-напади, како што тврдат, довеле до прекини на електричната енергија во големи делови од Каракас.
Последицата е распад на довербата во безбедносното партнерство меѓу Венецуела, Куба и Русија. Во Каракас, наследничката на Мадуро, Делси Родригез, сега речиси и нема друга опција освен да ги прифати американските понуди за соработка и да ги олабави врските со старите партнери на нејзината земја.
Путин сè уште не се огласил јавно за американските активности во Венецуела, при што руското Министерство за надворешни работи издаде доста формално соопштение, во кое нагласи дека таквите постапки ги кршат клучните принципи на меѓународното право. Сепак, според лица запознаени со случувањата, руските функционери биле гневни поради тоа што Трамп продолжил со операцијата за апсење на Мадуро.
И покрај тоа, односите со САД во моментов се поважни за Москва отколку Венецуела, изјави друго лице запознаено со ставовите на Кремљ, кое побарало анонимност бидејќи информациите не се јавни.
Bloomberg
Апсењето на Мадуро е непријатно за Русија, но не и катастрофа, рече изворот. За разлика од тоа, Иран претставува посериозен проблем, бидејќи руската соработка со таа земја е многу посилна, вклучувајќи и на воено поле. Русија можеби јавно ќе го поддржи Иран, но малку е веројатно дека длабоко ќе се вклучи во помошта за Техеран, со оглед на ограничените капацитети и приоритетот да се стави крај на војната во Украина, рече изворот.
Тоа не навестува добро за другите стратешки партнерства на Русија и укажува дека за Кремљ е уште поважно да ги оствари сите свои цели во Украина без отстапки на преговарачката маса. Тоа, пак, дополнително може да му ја отежне задачата на Трамп да го обезбеди тешко достижниот мировен договор.