text size
Глобалниот пазар на грижа за миленици би можел да достигне вредност од 236,16 милијарди долари до 2030 година, со комбинирана годишна стапка на раст од 5,1 отсто, пишува во последниот извештај на „Гранд вју рисрч“ (Grand View Research). Како главни причини за ваквиот силен раст се наведуваат зголемената свест за благосостојбата на животните и тенденцијата милениците да се третираат како членови на семејството.