text size
Расте бројот на непознати предмети на небото во изминатите дваесет години, истакна официјален претставник на Пентагон пред американските пратеници, но нема потврда за живот надвор од Земјата. Американскиот Конгрес за првпат во над 50 години, одржа јавна расправа на тема „неидентификувани појави во воздухот“.