„Ако во моментов не го водите бизнисот по интуиција, тогаш сте во неволја“, вели искусната дизајнерка и малопродажна претприемачка.
Водење по интуиција
Ања Хиндмарч, чиј моден бренд што го носи нејзиното име е симбол на современиот британски луксуз уште од 1987 година, има директна теза за тоа како треба да функционираат лидерите во 2025 година и понатаму: верувајте ѝ на сопствената интуиција.
Прочитај повеќе
Цените растат, модните брендови се соочуваат со притисоци – дали иднината на луксузот е „од втора рака“?
Во светот во кој нова чанта чини колку половен автомобил, вистинска ексклузивност станува паметниот избор. Пазарот на половна мода нуди престиж без преплатување и сè повеќе ја презема улогата што големите брендови полека ја губат.
21.12.2025
Прошетајте низ Милано преку објективот на Скот Шуман
Скот Шуман дваесет години низ својот фотографски објектив ги документира духот и стилот на Милано, а резултатот е луксузната книга „Сарторијалист: Милано“, посветена на градот и неговите жители.
06.12.2025
Зошто минимализмот е сè поважен во луксузната мода и во уметностa
Спектаклот е забавен, едноставноста е здодевна. Но се чини дека здодевноста е она што најмногу ни недостига денес - реченица што ја слушаме сè почесто во светот на луксузот. Како е можно тоа?
15.11.2025
Како Армани го скрои визуелниот идентитет на современиот спорт
Ретко некој толку длабоко ги поврзал модата и спортот, не само како спонзор туку и како архитект на визуелниот идентитет на натпреварите, клубовите и спортистите, како Џорџо Армани, италијанскиот моден гуру што нè напушти во четвртокот.
09.09.2025
„Ако во моментов не го водите бизнисот по интуиција, тогаш сте во неволја“, предупреди неделава во канцеларијата на „Блумберг“ во Лондон.
Ова не е филозофија усвоена од храброст или инает. Малопродажбата ја турна во таа насока, и тоа не само затоа што електронската трговија ја трансформираше индустријата. Пандемијата, шоковите од царините, ненадејниот подем на генеративната вештачка интелигенција - ниту еден од тие настани не дојде со претходно предупредување во табела. „Не можете да се потпрете на податоците. Тие се премногу бавни“, ѝ изјави таа во интервју на Франсин Лаква од „Блумберг“.
Брендот на Хиндмарч првпат привлече меѓународно внимание со персонализираните модни додатоци, а подоцна и со културно релевантни парчиња како платнената торба „Не сум пластична кеса“ („I Am Not a Plastic Bag“), која поттикна пошироки разговори за одржливоста. Денес брендот опфаќа кожна галантерија, изработка по нарачка, продажни простори со посебно осмислено шопинг-искуство и креативни соработки, со 15 продавници ширум светот и повеќе од 100 вработени.
Управувањето со брендот значеше постојано прилагодување на големите промени во модната индустрија, од подемот на електронската трговија и влијанието на социјалните мрежи до падот на стоковните куќи. Традиционалните вредности во модата како ексклузивност, беспрекорност и дистанца од клиентот, олицетворени во концептот на ревијата на модната писта, отстапија место на поискрена комуникација, забележува Хиндмарч. Купувачите сакаат вистина, а не разубавена слика. „Брендовите што се успешни се оние што се навистина искрени и му го покажуваат на клиентот своето целосно, автентично лице“, рече таа.
Следењето на овие трендови доведе до една од нејзините најпопуларни иновации: малопродажно „село“ во Лондон со целосно доживување за посетителите, осмислено врз идејата дека по ковид луѓето повторно копнеат по вистинска, физичка поврзаност. Нејзината годишна божиќна атракција во Челзи, наменета за семејства и со билети, оваа година има листа на чекање од 16.000 лица, рече таа.
За Хиндмарч, отвореноста што им ја покажува на клиентите се огледува и во отвореноста што ја очекува од самата себе како лидер. „Мислам дека ранливоста на некој начин е супермоќ, на чуден начин“, рече таа. „И мислам дека не треба да се плашиме да го признаеме тоа.“
Охрабрувачки за лидерите, таа ги поставува стравот и возбудата како слични емоции, потсетување дека немирот што некој може да го почувствува околу храбра идеја често е знак за нејзиниот потенцијал. Ако нешто изгледа целосно безбедно, рече таа, „нема да биде револуционерно. Значи, на некој начин, ако е добро, ќе биде малку застрашувачко.“
Вештачката интелигенција е нејзиниот последен тест за тој начин на размислување. „Искрено, воопшто не сум експерт за вештачка интелигенција“, призна таа. Но, ова не ја спречило да ја прифати.
И покрај сите прашања што ги има за вештачката интелигенција - Дали може да биде застрашувачка? Дали може да биде неверојатна? Дали ѝ е потребно управување? - таа рече дека е убедена во нејзината моќ во креативните области, особено како двигател на заштеда на трошоци. „Нема смисла да се бориме против неа“, рече таа. „Можеме да направиме комплетни снимања што би чинеле богатство во подземни студија и подводни модели и сè тоа.“
Значи, ако лидерството сè повеќе се обликува од инстинкт, чесност и подготвеност да се прифати непријатноста, добро прашање пред новата година е: Што би можеле да откријат лидерите ако си веруваат малку повеќе?