text size
Бројката што објаснува сè е 4,81. Толку славни фудбалери на милион жители, според податоците на проектот „Пантеон“ (Pantheon) на Универзитетот МИТ (MIT), произведе Хрватска во последните 165 години. Повеќе од Холандија и Аргентина, повеќе од Шпанија, Италија, Белгија и Бразил заедно. Единствено што е подобро од тој резултат е Уругвај, со 11,3, но тоа е посебна приказна.