text size
Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико со рекордни 48 репрезентации и 104 натпревари, не е само најголемиот спортски настан, туку и огромен деловен потфат од кој ФИФА очекува приходи од речиси девет милијарди долари. Додека светот го следи фудбалскиот спектакл, во позадина се игра уште еден, подеднакво важен натпревар - оној за профит, трансфери и нови ѕвезди. За деловната страна на фудбалот, пазарот кој се менува под влијание на нови инвеститори и технологии, како и за позицијата на Хрватска во сето тоа, за „Блумберг Адрија“ зборува фудбалскиот менаџер Марко Налетилиќ.