Топлотниот бран и Светското првенство ги поттикнаа Британците во јуни да трошат повеќе на пиво, облека и електроника, што би можело да даде дополнителен поттик на економската активност.
Потрошувачката преку картички пораснала за 1,9 отсто во однос на истиот месец минатата година, според податоците на „Барклис“, што претставува најбрз раст во последните 11 месеци. Потрошувачката во пабовите нагло се зголемила за време на натпреварите на англиската репрезентација, додека семејствата купувале вентилатори, ладни пијалаци и летна облека за полесно да се справат со еден од најтоплите јунски месеци откако се водат мерењата.
Одделни податоци на Британскиот конзорциум за малопродажба (BRC) дополнително ја потврдуваат сликата за поотпорна побарувачка. BRC наведува дека нивниот показател за вкупната малопродажба расте втор месец по ред, бидејќи топлото време поттикнало поголемо онлајн купување.
Прочитај повеќе
Твитови за Светското првенство ни покажуваат како ВИ ќе нѐ обедини
Напредната технологија ги трга јазичните бариери
пред 18 часа
Сè уште на врвот и на 40 години - како фудбалските ѕвезди го победија биолошкиот часовник
Биолошкиот часовник отчукува, но тие не запираат. Роналдо, Меси и уште неколку фудбалски ветерани покажуваат дека може да се надмине возрасната граница во елитниот спорт.
10.07.2026
Како да се освои Светското првенство
На прв поглед, одговорот е едноставен - треба да имате најдобри играчи, добар селектор, малку среќа на ждрепката и голман што во четврт-финалето ќе одбрани пенал. Но добра генерација ретко доаѓа сама од себе.
03.07.2026
Златниот Меси стана опсесија: сликичките на „Панини“ покренаа „мини економија“ во Аргентина
Специјални „Панини“ колекционерски сликички на Меси и другите ѕвезди предизвикуваат хистерија низ светот
17.06.2026
„Рекордните горештини во јуни, благото забавување на растот на цените на храната и почетокот на Светското првенство им го дадоа на трговците насушно потребниот поттик, охрабрувајќи ги потрошувачите почесто да прават помали набавки“, изјави извршната директорка на истражувачката компанија ИГД (IGD), Сара Бредбери.
„Како што топлото време и фудбалскиот турнир продолжуваат и овој месец, довербата на потрошувачите би можела дополнително да зајакне.“
Овие извештаи дополнително потврдуваат дека успешниот настап на Англија на Светското првенство, кој продолжува со натпреварот против Аргентина в среда, дава поддршка на инаку забавената британска економија. Воедно, основната слика за потрошувачката покажува знаци на стабилизација, откако домаќинствата во првите месеци од американско-иранскиот конфликт создаваа залихи на гориво и ја намалуваа дискреционата потрошувачка.
Показателот на „Барклис“ за довербата во сигурноста на вработувањето се подобрил во јуни, што е во согласност со други истражувања на приватниот сектор кои укажуваат дека забавувањето на пазарот на трудот се приближува кон крајот. Вкупната доверба на потрошувачите, како и нивните очекувања во врска со трошоците за живот и состојбата на економијата, остануваат главно стабилни.
Економистите, сепак, предупредуваат дека закрепнувањето и понатаму е кревко. Високите каматни стапки и натаму ги оптоваруваат домашните буџети, додека се очекува растот на сметките за енергија дополнително да ги притисне потрошувачите. Показателот што го мери бројот на Британци кои доцнат со отплата на долговите по кредитни картички и други необезбедени кредити го достигнал највисокото ниво од глобалната финансиска криза, што укажува на сè поголем притисок врз финансиите на домаќинствата.
Главниот економист на „Барклис“ за Велика Британија, Џек Мининг, изјави дека економијата веројатно забавила во средината на годината, додека во втората половина на 2026 година се очекува само скромно закрепнување на растот.
Британците истовремено се соочуваат и со промена на чело на владата, бидејќи Енди Барнам веќе следната недела би требало да го замени Кир Стармер на функцијата премиер, во услови на продолжена глобална неизвесност.
„Постојаната политичка неизвесност и ефектите од конфликтите на Блискиот Исток, кои сè повеќе се одразуваат врз цените на храната, би можеле повторно да ја нарушат довербата на потрошувачите“, заклучува Бредбери.