Група професионалци од светот на спортот, меѓу кои и сосопственикот на Далас Маверикс, Марк Кубан, отвораат фонд за приватен капитал вреден 750 милиони долари со цел инвестирање во малцински удели во американски професионални спортски тимови.
Кубан се здружи со Стив Кенон, поранешен извршен директор на компанијата што управува со НФЛ-тимот Атланта Фалконс, и со Рашаун Вилијамс, инвеститор во ризичен капитал и ограничен партнер во Фалконс, заедно да бараат инвестициски можности во НБА (National Basketball Association), НФЛ (National Football League) и МЛБ (Major League Baseball).
Фондот, под името ХСП (Harbinger Sports Partners) ќе биде фокусиран на стекнување удели до пет проценти, се наведува во соопштението. Тие планираат да инвестираат помеѓу 50 и 150 милиони долари по трансакција, а излезот од инвестициите ќе се реализира преку секундарни продажби во период од седум до десет години.
Прочитај повеќе

Легендарниот НБА клуб на продажба, проценета вредност од 3,6 милијарди долари
НБА беше сведок на серија големи трансакции во последните години
14.05.2025

Зошто Мајами стана американската престолнина на европскиот фудбал
Од Каталонија до Флорида: Барселона го зајакнува своето присуство во САД.
12.05.2025

Мексико Сити ќе инвестира 250 милиони долари во инфраструктура за СП во фудбал
Наместо за владино рекламирање, ресурсите ќе се искористат за трајни инфраструктурни проекти.
09.05.2025

Премиерлигата игра на картата на луксузот
Приходите од емитувања стагнираат, додека приходите од комерцијални активности, како што се продажба на брендирани производи и спонзорства, зависат од резултатите што клубот ги постигнува на теренот.
20.04.2025
Вредноста на спортските тимови нагло порасна во последните години, благодарение на сè поголемото учество на институционалните фондови. Во 2024 година НФЛ стана последната лига што дозволи институционални инвестиции.
Спортските клубови се привлечни затоа што задржаа високи телевизиски рејтинзи, за разлика од остатокот од забавната индустрија, што ги зголеми приходите од права за емитување. Како показател за тоа колку пораснала вредноста, Бостон Селтикс годинава беше продаден за рекордни 6,1 милијарди долари.
Бизнис-експертиза
Вилијамс, ран инвеститор во компании како „Лифт“ (Lyft Inc.) и „Коинбејс“ (Coinbase Global Inc.), изјави дека оперативното искуство што го носат Кубан и Кенон, заедно со фокусот на фондот на лиги со силни приходи, ќе го издвои ХСП од другите новосоздадени спортски фондови.
Богатите инвеститори во приватен капитал сакаат да инвестираат во спортски тимови бидејќи ги гледаат како средства со висок потенцијал за раст, кои не се поврзани со берзанските пазари, додаде тој.
„Моето искуство е во инвестирање во приватни, неликвидни компании и излегување преку секундарен пазар“, додаде тој, објаснувајќи како фондот планира да функционира во средина во која сопствениците на тимовите често задржуваат контролни удели со децении.
Кенон, кој се повлече минатата година по водењето на „Артур М. Бланк“ (Arthur M. Blank Sports and Entertainment) – сопственик на Фалконс и МЛС-тимот Атланта јунајтед – изјави дека ова партнерство обединува уникатна експертиза во областа на сопствеништвото, управувањето со тимови и лиги, како и изградбата на стадиони.
„Нашата цел е да придонесеме со увид и вредност во сите наши спортски инвестиции“, посочи Кенон во соопштението.