Саудиска Арабија станува новата дестинација за Кралската лига (Kings League), турнир основан од Жерар Пике, за да се искористи растечката база на фудбалски навивачи во земјата и да се зголеми ангажманот на младите во спортот.
„СУРЈ спортс“ (SURJ Sports), инвестициска подружница на Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија, потпиша заеднички потфат за лансирање на Кралската лига МЕНА (Kings League MENA), со што за првпат во Кралството ќе го донесе виралниот фудбалски турнир со седум играчи. Првиот настан е планиран за ноември, се наведува во соопштението.
Кралската лига е основана во 2022 година од поранешниот дефанзивец на Барселона, Жерар Пике. Нејзиниот динамичен формат е насочен првенствено кон помладата публика, со околу 30 милиони следбеници на социјалните медиуми. Претседателите на тимовите и лигите вклучуваат ѕвезди како Нејмар Џуниор, Кака и Ламин Јамал. Новата верзија за Блискиот Исток и Северна Африка ќе се фокусира на локалните таленти, со натпревари што ќе се емитуваат на Тикток (TikTok) и на Јутјуб (YouTube).
Прочитај повеќе

Нафта, пари и моќ: Како фондовите од Заливот го освојуваат светот на спортот
Покрај Заливот, тука е и Кина, која користи средства за проекти во рамките на иницијативата „Појас и пат“, како и Норвешка, чиј суверен фонд за богатство, со портфолио од 1,7 трилион долари, ја носи титулата најголем во светот.
26.05.2025

Како се менува начинот на инвестирање во американскиот спорт
Се лансира приватен фонд од 750 милиони долари за инвестирање во малцински удели.
19.05.2025

Премиерлигата сė повеќе станува американска - дали е тоа добро или лошо?
Со сѐ поголемиот американски капитал што пристигнува и обидите да се зголемат приходите, „Блумберг ориџиналс“ го поставува прашањето: Може ли Премиерлигата да се американизира?
14.05.2025

Двојни правила на игра: Саудиски фондови и англиски спорт
Додека Премиерлигата го прифаќа капиталот од САД и од Катар, саудиското преземање на Њукасл јунајтед разоткри длабока политичка напнатост.
29.04.2025
Главниот извор на приходи на Кралската лига во моментов доаѓа од спонзорства и продажба на стока, за разлика од традиционалниот фудбалски модел, каде што доминираат приходите од ТВ-права.
„Нашиот моментален приоритет е да дојдеме до што е можно повеќе навивачи и да бидеме присутни пред што е можно поширока публика“, изјави за „Блумберг“ Џамел Агауа, извршен директор на Кралската лига. „Во иднина, како што ќе созрева производот, сакаме да развиеме приходи и од медиумски права и можеби да разгледаме ексклузивни договори со радиодифузери и платформи за стриминг“.
Саудиска Арабија веќе осум години е во процес на амбициозна трансформација од повеќе трилиони долари, со цел да создаде голем број нови индустрии и да ја намали зависноста на економијата од приходите од нафта. Еден од клучните правци на модернизацијата е голема инвестиција во спортот, како на домашен така и на меѓународен план, со милијарди вложени во бокс, голф, фудбал и други спортови.
Иако финансиските детали за заедничкото вложување во Кралската лига не беа откриени, треба да се напомене дека оваа лига лани собра 60 милиони евра во инвестициска рунда предводена од „Лефт Лејн капитал“ (Left Lane Capital), чија цел е глобално проширување во Европа, Бразил и САД.