„Спејс екс“ (SpaceX) има договор подоцна годинава да го преземе стартапот за вештачка интелигенција „Курсор“ (Cursor) за 60 милијарди долари или да плати 10 милијарди долари за заедничка работа на компаниите.
Договорот е дел од напорите на „Спејс екс“ да ги стигне ривалите во алатките за кодирање базирани на вештачка интелигенција, при што двете компании сега тесно соработуваат на создавање на најдобрата вештачка интелигенција (ВИ) за кодирање и работа со знаење во светот. „Спејс екс“ не го презема „Курсор“ веднаш поради претстојното ИПО (иницијална јавна понуда), при што 10 милијарди долари служат како надомест за раскин ако до договор не дојде.
„Спејс екс“ соопшти дека има договор кој му дава право подоцна годинава да го преземе стартапот за вештачка интелигенција за 60 милијарди долари или да плати 10 милијарди долари за заедничка работа на компаниите, што е дел од напорите на фирмата што ја води Илон Маск да ги стигне ривалите во алатките за кодирање базирани на вештачка интелигенција.
Прочитај повеќе
Маск се подготвува за влез во индустријата за чипови со амбициозниот проект „Терафаб“
Проектот веќе ги активира најголемите доставувачи во индустријата, но неговата реализација отвора прашања за границите на технологијата и капиталот.
16.04.2026
„Спејс екс“ ќе кани големи инвеститори на разгледување на погоните пред ИПО-то
Компанијата на Илон Маск се подготвува за најголемото ИПО во историјата
15.04.2026
Ќе може ли од Македонија да станете дел од мега ИПО-то на Маск и зошто не?
Проверивме колку е изводливо обичен инвеститор од Македонија да купи акции од „Спејс екс“ пред да излезе на берза.
14.04.2026
Вреди ли „Спејс екс“ два билиона долари? Клучни прашања за големото ИПО на Маск
„Спејс екс“ од релативен аутсајдер во вселенската индустрија в се трансформираше во воздухопловен гигант, кој добива милијарди долари во владини договори и служи како 'рбет на вселенската програма на САД.
08.04.2026
Гигантот за ракети, сателити и вештачка интелигенција го презентира договорот во објава на платформата X, наведувајќи дека двете компании „сега тесно соработуваат на создавање на најдобрата ВИ за кодирање и работа со знаење во светот“.
„Спејс екс“ неодамна се спои со „Екс еј-ај“ (xAI), компанијата за вештачка интелигенција на Маск, која се натпреварува со „Антропик“ (Anthropic) и „Опен еј-ај“ (OpenAI) во развој на генеративни ВИ алатки за потрошувачи и компании. Договорот доаѓа набрзо откако Маск изјави дека „Екс еј-ај“ заостанува во алатките за пишување софтверски код во однос на конкуренцијата и вети дека ќе ја изгради компанијата од темел. Во март нареди бран отпуштања. Исто така бараше инженерски таленти и претходно вработуваше од „Курсор“.
„Спејс екс“ не го презема „Курсор“ веднаш поради претстојното ИПО на ракетната компанија, според лице запознаено со ситуацијата, кое побарало да остане анонимно бидејќи зборува за информации што не се јавни.
Големата трансакција би барала „Спејс екс“ да ги ажурира своите пријави и финансиски податоци, што потенцијално би го одложило ИПО-то, кое цели кон вреднување од два билиона долари. Износот од 10 милијарди долари претставува надомест за раскин ако до договор не дојде, според лица запознаени со договорот. „Спејс екс“ и „Екс еј-ај“ не одговорија веднаш на барањето за коментар.
„Курсор“ беше во преговори со инвеститори да собере околу две милијарди долари во инвестициска рунда со вреднување поголемо од 50 милијарди долари, без да се вклучи таа инвестиција, објави „Блумберг“ минатата недела. Компанијата повеќе не ја продолжува таа рунда, бидејќи капиталот бил наменет за финансирање на компјутерските потреби на „Курсор“, кои сега ги презема „Екс еј-ај“, според лице запознаено со ситуацијата.
ВИ асистентот на стартапот, лансиран во 2023 година, им помага на програмерите поефикасно да пишуваат и да ги отстрануваат грешките во кодот. Стана еден од најбрзо растечките стартапи на сите времиња и клучен играч во ерата на „вајб кодинг“ (vibe coding) во технолошкиот сектор, додека побарувачката меѓу софтверските развивачи расте за алатки што можат да градат врз основа на команди до четбот.
Но кодирањето со помош на вештачка интелигенција бара многу компјутерски ресурси - нешто што „Спејс екс“ го има во изобилство, со своите големи дата-центри во Тенеси и Мисисипи. Тимот на „Спејс екс“ „има огромна количина компјутерска моќ и мислиме дека заедно можеме да го забрзаме развојот на нашите модели и многу сме возбудени поради тоа“, изјави претседателот на „Курсор“, Оскар Шулц. „Навистина ни се допаѓа нивниот тим.“
Меѓу инвеститорите во „Курсор“ се „Енвидија“, „Алфабет“, фондот на „Опен еј-ај“, АХ (Andreessen Horowitz), ТК (Thrive Capital), „Ејсел“ (Accel) и ДСТ (DST Global).